Како да препознаете чист природен мед?

Во сите маркети можете да најдете секакви видови на мед. Сите гарантираат одличен вкус и висок квалитет. Но, сѐ почесто и почесто среќаваме медови кои содржат безброј адитиви. Ваквиот фалсификат на мед е поевтин, но може да биде навистина штетен по здравјето.

Поради тоа што содржи шеќер, сируп и други хемикалии има сосема различна нутритивна вредност, а и многу полесно се произведува од вистинскиот мед. Потоа поминува низ различни фази на производство за да изгледа исто како природен мед.

Затоа споделуваме со вас три трикови кои ќе ви помогнат да препознаете чист природен мед:  

1. Тест со вода

Наполнете тегла со вода. Сипете малку мед со лажичка. Доколку медот веднаш се раствори и многу брзо се меша со водата значи дека не е чист мед. Ако стане како грутка на долниот дел од теглата или му треба време да се раствори во водата, во тој случај е чист природен мед.

мед

2. Тест со рака

Ова е многу едноставен начин да тестирате. Сипете само една капка мед на вашиот нокот од палецот. Доколку медот се растече на сите страни, тоа значи дека не е чист мед. Ако седи на место во форма на грутка, значи дека е чист природен мед.

3. Тест за течност

Медот кој содржи хемикалии и адитиви е најчесто течен како сируп. За да проверите дали вашиот мед е таков, сипете малку мед во една чинија. Со лажицата размачкајте го медот и видете од каква смеса е направен.

Ако ја земете чинијата во раце и ја навалете и медот почнува да се разлева низ целата чинија, во тој случај не е природен мед. Напротив, природниот мед никогаш нема да се разлева како сируп. Туку, ќе формира линија која многу малку ќе мрда колку и да ја навалувате чинијата.

Каков е кристализираниот мед?

Најчесто кристализираниот мед е природен мед. Многу е тешко да се направи лажен кристализиран мед. Возможно е, но не се практикува.

Доколку имате кристализиран мед и сакате да дознаете дали е фалсификат или не, за жал ова може да се докаже само со хемиска анализа. Но, најголем процент од овој е природен вистински мед. Со други зборови, нема потреба да се грижите.

Каде да најдам природен мед?

Природните медови се далеку поскапи од оние кои содржат хемикалии. Најчесто луѓето советуваат да се купи мед од познат пчелар. Доколку сакате да купите од најблискиот маркет, читајте ги состојките. На нив би требало да пишува кои состојки ги има тој мед.

Слични објави

ИСПРОБАЈТЕ! Овие одлични идеи ќе го променат начинот на кој го јадете ПОМФРИТОТ

Igor

32 најинтересни факти за планетата Земја: Најлутото чили пиперче може да ве убие

Еспресо

Мода за жените после 40: Како да изгледате префинето, модерно и отмено, но целосно пристојно! (ФОТО)

Igor

Вака сега во Рим се продава сладолед: Сè е поинаку како пред ковид-19! (ФОТО)

Еспресо

Кога ќе заборавиш да го исклучиш микрофонот, а имаш „итна“ ситуација! (ВИДЕО)

Еспресо

Тито, Хитлер, Фројд и Сталин: Во иста година живееле во ист град!

Еспресо

Остави Коментар

оне + два =

Слични објави

Манекенката Бојана Нушкова ги почести обожавателите на Инстаграм со топлес-фотографија (ФОТО)

Igor

Ја нарекуваат балканска кралица на ТикТок, а ја следат 1,5 милиони луѓе (ВИДЕО)

Еспресо

Таа е една од најплатените љубовници на сите времиња: Има сè што ќе посака (ФОТО)

Еспресо

Зошто американските крофни имаат дупка во средината: Зад овој вкусен десерт се крие интересна приказна!

Слободен печат

Открила опасна нуклеарна кражба, а потоа почнале чудни случувања: Прво ја озрачиле, а кога сакала да даде интервју мистериозно загинала

Слободен печат

Брзо и лесно отстранете ги непријатните мириси од фрижидерот

Еспресо