14.8 C
Скопје
22:38 - 16 април, 2024

Каде грешите кога ќе одлучите да живеете заедно со партнерот?

Многу парови после долгогодишното забавување одлучуваат заеднички да живеат. Доколку е во прашање љубов, тоа е добра одлука. Но, доколку причина за тоа е финансиското олеснување и делење на трошоците, правите голема грешка.

Не почнувајте заеднички живот доколку не сте сигурни дека тоа навистина го сакате. Не дозволувајте финансиите да ви го кројат односот и желбата на семејството конечно да се вдомите. Пред вас се четири работи кои ви кажуваат дали навистина сте постапиле добро кога сте се одлучиле за заеднички живот.

Сте почнале заедно да живеете поради делење на трошоците

Кога ќе одлучите да живеете со партнерот и изнајмувате стан во град. Тоа може да биде добро за вашиот паричник, но од друга страна лошо за вашата врска и среќа. Ако поради намалување на трошоците сте почнале заеднички живот, на почеток сè ќе биде во ред. Но, подоцна може да дојде до расправии, разидување во ставовите, како и до несогласување во поделбата на куќните обврски. Во тој случај, за да ги спасите и врската и љубовта, најдобро е да живеете одвоено и да се сакате како и порано.

Сте биле посреќни пред да започнете заеднички живот

Доколку согледате дека сте биле посреќни пред да го започнете заедничкиот живот, разделувањето би било решение за вашиот проблем. Дали пред соживотот сте биле позадоволни од врската и односот? Ако одговорот на ова прашање е ДА, вратете се на стариот начин на функционирање и продолжете да живеете одвоено. Она што е важно е да му објасните на партнерот дека тоа го правите за да ги подобрите односите, а не затоа што не го сакате.

Децата од претходниот брак не сакаат соживот со вашиот партнер

Одлуката да не живеете заедно има најмногу смисла за паровите кои имаат деца од претходната врска или брак. Понекогаш родителот сака оној кој не е родител на неговите деца, да помогне малку, а понекогаш очекува и повеќе, па останува во станот поради тоа што смета дека за децата е подобро да имаат двајца родители. Сепак, за децата е неретко подобро да не го запознаваат нивниот партнер, барем додека не помине одреден временски период. Поради тоа е најлесно да се консултирате со децата при одлучување и да земете предвид што би им одговарало на нив.

Вашите животи се некомпатибилни

Кога ќе се вселите во заедничкиот стан сте сфатиле дека вашите начини на живот се некомпатибилни и дека морате набрзина да се прилагодите со партнерот. Ако еден од вас работи трета смена, а другиот прва смена од 09:00 до 17:00 часот, можеби најдобро би било поради мирот во врската да живеете одвоено. Ситуацијата е иста и најдобро е да живеете секој во својот стан доколку еден партнер сака излегувања, друштво и организирани забави, додека другиот сака само време за себе.

Слични објави

„Се степав на училиште поради мајка ми“: Анастасија Ражнатовиќ си ја отвори душата за најтешките моменти од детството

Еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо
Се вчитува....