16.8 C
Скопје
10:04 - 29 март, 2024

Југословенката на која Пикасо ѝ го уништи животот: Мажите се крадци на идеи, а Пикасо е голем грабливец (ФОТО)

Благодарение на познанството со францускиот поет Пол Елијар и одличното познавање на шпанскиот јазик, француската уметница – сликарка, поетеса и фотограф, Дора Мар во 1936 година, на терасата на едно кафуле во Париз, го запознала шпанскиот сликар Пабло Пикасо. Дора Мар, чие вистинско име било Теодора Марковиќ, тој ден за само неколку минути го освоила Пикасо, а познанството со него во целост ѝ го сменило животот – и како жена и како уметница.

Наводно, при нивната прва средба Дора од својата торба извадила нож и играјќи си почнала да го забодува меѓу прстите. На рацете имала елегантни ракавици. Во еден момент се повредила, а нејзината ракавица била натопена со крв. Пикасо истовремено бил изненаден и воодушевен од таа глетка. Со својата марама ја запрел крвта на Дора, а фамозната ракавица ја чувал во своето ателје.

instagram

Жената која поради Пикасо се откажала од соништата

Пред Дора, Пикасо бил во брак со руската балерина Олга Хохлова, а после неа во врска со неговиот модел, 17-годишната Французинка Марија Тереза Валтер. Врската со Марија завршила штом ја запознал заносната Дора. Постои приказна поврзана за крајот на врската меѓу Пикасо и Марија Тереза, според која Дора се степала со Марија во ателјето на Пикасо. Пикасо како да уживал во тоа и во еден момент рекол: „Подобрата нека победи“.

Како последица на овој настан настанала сликата „Борба во кафез“, каде што се борат две гулабици, една црна (Дора Мар) и една бела (Марија Тереза). На сликата се гледа дека црната гулабица победува, а тоа се случило и во реалниот живот.

Дора Мар се вселила во станот на Пикасо, а Марија Тереза морала да се пресели со ќерката на Пикасо, Маја во станот што се наоѓал во соседството, пишува Дејли мејл.

Автентичноста, хиперсензитивноста и сензуалноста на Дора станале инспирација за Пикасо. За време на нивната бурна врска, која траела од 1936 до 1943 година, Пикасо насликал десетина портрети од Дора, а му послужила и како инспирација за познатата слика „Герника“. Дора Мар била единствениот фотограф кој успеал да го забележи создавањето на „Герника“ од нејзината почетна до финална фаза.

На инсистирање на Пикасо Дора целосно се откажала од фотографирањето и му се вратила на сликарството. Пикасо, иако уметник, не го ценел концептот на модерна фотографија или суетата не му го дозволувала тоа. А сликите на Дора повеќе личеле на имитација на Пикасо, отколку на особени и слободни уметнички дела.

instagram

Мажите се крадци на идеи, а Пикасо е голем грабливец“, изјавила Дора во една прилика.

Дора Пикасо го окарактеризирала како „гениј, живот и раздор“. Велела дека меѓу неа и него имало луда љубов и дека кога таа се повлекла, останало само лудило.

Ми даде бесмртна убавина на икона од музеј. Ми донесе уживање и пропаст. Ми припишуваат дека сум изјавила дека после Пикасо постои уште само Бог. Не се сеќавам дека сум го рекла тоа, но никогаш не престанав да го мислам“, рекла Дора.

View this post on Instagram

#doramaar #tatemodern

A post shared by Sarah (@sa_rah1) on

Жената со тажни очи

Најверојатно причина за депресијата била неможноста на Дора да има деца, за што се зборувало дека е одговорна нејзината мајка, која во детството ја тепала и ја малтретирала. Нејзиниот татко, југословенскиот арехитект Јосип Марковиќ, се преселил во Буенос Аирес, каде што проектирал квартови во градот, а Дора (тогаш уште Теодора Марковиќ), останала со баба ѝ и со дедо ѝ.

Отуѓеноста од родителите поодоцна влијаело на нејзината анксиозност, депресијата и над сè губењето на сопствениот идентитет. Пикасо ја опишува како „жена во солзи“ или како „убавата и тажна Дора“, чиј лик и однесувањето го инспирирале. Поради неа ја насликал „Жената која плаче“, но и други слики на кои исто така е видлив тажниот израз на Дора. Зборувал дека никогаш не би можел да ја наслика Дора која се смее. На неговитѕе слики нејзиното лице како да е искривено од болка и горчина и расцепено во полујасни линии.

View this post on Instagram

Oh DORA! ✨?✨ I can’t tell you how excited I am for the upcoming @tate Modern show and perfect for a spooky eve!!!!! ? Surrealist star Dora Maar was a photographer, painter and poet who experimented with architectural elements in her mystical black and white photo montages made predominantly in the 1930s. Born in 1907, Maar began her artistic career in commercial and fashion photography post École Beaux-Arts with fellow surrealist student, Jacqueline Lamba. Her eye for the unusual also translated to her commercial photography, including fashion and advertising, as well as to her social documentary projects. In Europe’s increasingly fraught political climate, Maar signed her name to numerous left-wing manifestos – a radical gesture for a woman at that time ? Although famously known to be Picasso's muse for his Weeping Woman, Maar contributed to his monumental Guernica by documenting the work's successive stages. Nice post by @tate today !!! #DoraMaar #WomenArtists

A post shared by Katy Hessel (@thegreatwomenartists) on

Самотијата како судбина

По раскинувањето со Пикасо, Дора доживеала емоционален слом и долго се опоравувала. Водела осамен живот, изолирана од пријателите и светот на кој порано му припаѓала. Пикасо ја оставил поради 40 години помладата од него француска сликарка Франсоаз Жило.

Дора Мар пред смртта открила дека Пикасо физички и сексуално ја злоставувал, што дополнително ја отежнувало нејзината психичка состојба бидејќи болувала од депресија и анксиозност, пишува Винтиџњуз.

Слични објави

Шокантни детали за Шарлин и Алберт од Монако: Таа троши како луда, а тој ги плаќа и љубовниците

еспресо

Астропрогноза за петок, 29 март: На Бикот ќе му се врати старата љубов, Лавовите ќе бидат кралеви на денот

еспресо

Дожд од пари: Три хороскопски знаци конечно ќе го решат финансиското прашање

еспресо

Харис Џиновиќ ја отвори душата: „Таа побегна, ни со децата немаше контакт, баш добра мајка!“

еспресо

(Видео) Миа Костова стана жртва на измама: Не рекламирам чаеви за слабеење, не наседнувајте на лажни реклами

Еспресо

(Фото) „Моите деца ме подмладуваат“: Симона Поповска го прослави 32. роденден со семејството

Еспресо
Се вчитува....