5.8 C
Скопје
04:46 - 20 април, 2024

Ја нарекуваа најубавата Италијанка, а денес има 65 години: Никој не може да одолее да не погледне во неа! (ФОТО)

Италијанската дива Орнела Мути му пркоси на времето. И на 65 години остана симбол на убавината и префинетоста.

Орнела се прослави во средината на 70-тите во родната Италија, благодарение на неверојатно убавото лице, но набрзо почна да снима и надвор од границите на својата земја.

Светска слава ѝ донесе култното остварување „Флеш Гордон“, со што го освои светот како принцезата Аура. И покрај тоа што од таа улога поминаа цели 40 години, Орнела и ден денес изгледа неверојатно, а нејзината харизма и сексапил не избледеа ни малку.

Profimedia

Актерката е показател како се старее со стил. Очигледно е дека ја негува и чува својата убавина, но Орнела не подлегнала на трендот на претерување со пластични операции.

Успеала во намерата да ја сочува својата младоликост, а да не изгледа нападно и вештачки, и во неколку наврати истакна дека е остар противник на одењето под нож.

Сепак, активно е посветена на негата на кожата со помош на квалитетни природни козметики, посебно серум против брчки и крема за подрачјето околу очите. Неретко практикува и бројни третмани за лице, како и масажа за лице.

Profimedia

Орнела признава дека за нејзиниот добар изглед заслужен е и здравиот начин на живот -редовно вежбање, неконсумирање алкохол, исхрана богата со овошје и зеленчук.

„За мене клучна беше внатрешната хармонија. Таа ја менува личноста толку многу. Убавината е она што морате да го храните, како внатрешно, така и надворешно. Во спротивно ќе се претворите во убаво, но празно пакетче и ништо повеќе од тоа“, зборуваше таа во минатото.

Profimedia

Инаку, Орнела се мажела трипати. Нејзиниот прв сопруг беше славниот глумец Алеси Орано. Во текот на шесте години од нивниот брак ги полнеа таблоидите повеќе од кој било друг, а медиумите ги нарекуваа „најубавиот пар во државата“. Од бракот ја имаат ќерката Наике, која денес се занимава со моделирање.

Profimedia

Но Мути, далеку повеќе контроверзии предизвика во бракот со бизнисменот Федерик Фачинети, со кого ги доби синот Андреј и ќерката Каролина. Всушност, Фачинети често ја изневерувал, бил склон кон пороци и криминал. Па затоа оваа убавица после осум години брак се тргнала од таа приказна. Федерик после разводот изјавил за медиумите дека Орнела била многу досадна, како и во кревет, така и во разговорот.

На крајот целата среќа во љубовта го пронашла во 10 години помладиот бизнисмен Фабрицио Кервер, со кого е во брак уште од 2008 година.

Profimedia

Слични објави

„Се степав на училиште поради мајка ми“: Анастасија Ражнатовиќ си ја отвори душата за најтешките моменти од детството

Еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо
Се вчитува....