20.8 C
Скопје
11:43 - 28 март, 2024

Извонредно богат и кремаст вкус – Чизкејк со лимон и прелив од бело чоколадо

Колач со освежувачки кремаст вкус кој многу едноставно ќе го подготвите, а ќе му се допадне на целото ваше семејство.

Потребни состојки за кората:

250 г мелени бисквити
125 грама маргарин (омекнат)
100 мл газиран сок од портокал

Потребни состојки за кремот:

300 грама крем-сирење
2 големи лимона (сокот и кората)
60 г маргарин или путер
150 г шеќер
3 јајца
200 мл слатка павлака

Потребни состојки за преливот:

100 г бело чоколадо
4 лажици слатка павлака
50 г маргарин или путер

Начин на подготовка:

1. Во сад измешајте ги мелените бисквити, омекнатиот путер и газираниот сок.

2. Обложете со хартија за печење мала тепсија (20 на 18 см). Потоа обликувајте го тестото од бисквити за кората според хартијата. Ставете го да се пече во претходно загреана рерна на 175 степени околу 15 минути. Потоа извадете ја кората од рерна и оставете ја да се олади.

3. Во соодветно тенџере ставете ги сокот од лимон (150 мл), ренданата лимонова кора, шеќерот и путерот, и варете ги на пареа. Потоа оставете ја смесата да се олади. Изматете 3 јајца и измешајте ги со изладениот крем од лимон. Вратете го тенџерето на оган и варете додека смесата не се згусне, притоа постојано мешајќи. Тргнете го тенџерето од оган и оставете смесата да се излади.

4. Настрана изматете ја со миксер слатката павлака и направете шлаг.

5. Изматете го и крем-сирењето кое претходно треба да седи на собна температура.

6. Во оладениот крем од лимон додајте ги крем-сирењето, па на крај соединете ги со слатката павлака. Сите состојки добро измешајте ги. Распоредете го добиениот крем врз кората од бисквити. Убаво израмнете.

7. На пареа стопете го белото чоколадо со слатката павлака и 50 грама маргарин. Со ова прелијте го колачот.

8. Ставете го готовиот колач во фрижидер и оставете го да преноќи за да се излади добро.

Слични објави

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо

Денес го славиме Свети Игнатиј, еве што (не) треба да правите

Еспресо
Се вчитува....