23.8 C
Скопје
13:55 - 29 март, 2024

Исповед на сурогат мајка: Од првите две бремености си купив стан, од третото куќа и два автомобила

Алина Стахорска (32) е една од 1.500 Украинки, кои во изминативе неколку години родиле голем број „деца по порачка“. Таа има две свои биолошки деца и уште три породувања на бебиња на кои им била сурогат-мајка.

Минатата година Алина имала успешно породување со своето трето сурогат-мајчинство. Првиот пат им родила дете на ирски брачен пар, кога имала само 21 година. Потоа им родила и деца на парови од Германија и од Индија.

Својата животна приказна Алина ја раскажала за „Дојче веле“ и во неа говори за сѐ, освен за висината на хонорарите што ги добивала за својата „работа“. Сепак, според други извори, висината на средствата што се даваат за „добро завршената работа“ е приближно 15.000 евра по бременост.

Имала финансиски проблеми

Алина првпат дознала за сурогат-мајчинството преку оглас. Во тие моменти таа била млада и штотуку разведена жена од нејзиниот прв сопруг, со кого имала тригодишно дете. Веднаш по разводот таа имала финансиски проблеми и заедно со детето престојувала кај својата баба. Кога го видела огласот, веднаш отишла да направи одредени испитувања околу тоа, дали е соодветна за да биде сурогат-мајка.

– Немав ниту најмал сомнеж околу тоа што требаше да го направам. Сепак, се плашев и мислев дека нема да ме изберат бидејќи сум многу млада. Но сѐ помина добро и тогаш го родив првото дете, а по него и второ, а и трето – вели таа.

Критики од околината

Иако нејзините родители и пријателите ја поддржувале во одлуката на овој начин да заработува пари, сепак, како што раскажува таа, имало и такви што ја осудувале за ваквата, според нив, неодговорност. Алина многу често слушала како луѓе од најблиското опкружување велат дека „си ги продава децата за пари“. Сепак, таа вели дека тоа воопшто не ѝ пречело бидејќи децата што ги родила како сурогат-мајка, немаат нејзини гени, а за да го направи тоа свесно земала пари.

Инвестирала во недвижности

Од првите добиени пари, таа платила половина од цената за трособен стан, а по второто сурогат-мајчинство, платила половина од откупот за двособен стан. Со парите од третото сурогат-мајчинство купила куќа и два автомобила.

Алина вели дека сака барем уште еднаш да биде сурогат-мајка, иако понекогаш ѝ е многу тешко да се раздели од децата што ги родила за пари.

Facebook

 

 

Слични објави

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо

Денес го славиме Свети Игнатиј, еве што (не) треба да правите

Еспресо
Се вчитува....