10.8 C
Скопје
23:18 - 19 април, 2024

Најпознатите светски романи напишани за приближно еден месец

Ви изгледа прекратко да напишете роман за само триесет дена. Но, тоа не е невозможно.

Овие десет писатели ги напишаа нивните најпознати дела за околу еден месец.

„Пеколен портокал“ – Ентони Барџис

Барџис признава дека го напишал својот најпознат роман за околу три недели, и тоа само заради пари. Стенли Кјубрик го пренесе романот на филмското платно, што на Барџис не му се допадна.

„Коцкар“ – Фјодор Достоевски

Достоевски го напишал „Коцкар“ паралелно со неговото ремек-дело „Злосторство и казна“. Во тоа време, тој бил во долгови поради неговата зависност од коцкање и одлучил брзо да го напише овој полу-автобиографски роман, со цел да ги намали своите финансиски тешкотии.

„На патот“ – Џек Керуак

Керуак поминал седум години патувајќи во Америка и постојано запишувал. Тоа помогнало да напише цел роман за помалку од еден месец. Интересно е што Керуак го испишал целиот ракопис на долго парче хартија, за кое се смета дека изнесува 37 метри.

„Додека лежев умирајќи“ – Вилијам Фолкнер

Фолкнер го напишал ова инвентивно ремек-дело за помалку од шест недели додека работел ноќна смена во електраната. Уште позачудувачко е неговото тврдење во кое вели, дека тој не сменил потоа ниту еден збор.

„Казино Ројал“ – Јан Флеминг

Флеминг го напишал својот прв роман посветен на Џејмс Бонд за околу два месеци. Ова станало репер за него. Потоа го скратил своето пишување за две недели, така што биле потребни шест недели за секој следен роман на Бонд.

„Црвена нишка“ – Артур Конан Дојл

Авторот делото за легендарниот измислен детектив Шерлок Холмс го напишал за само три недели.

„Доверлив агент“ – Грахам Грин

Како и Достоевски, Грин работел на романот „Моќ и слава“, ремек-дело што ќе ја одбележи неговата кариера, кога одлучил да напише уште еден роман за да заработи пари. „Доверлив агент“ бил напишан за само шест недели.

„Јас, жирито“ – Мики Спилејн

Спилејн напишал роман за Мајк Хемер за девет дена. Книгата се продала во седум милиони примероци за само три години.

„Божиќна песна“ – Чарлс Дикенс

Како и Артур Конан Дојл, Дикенс напиша книга за краток временски период што станува омилена класика, обработена во безброј адаптации. „Божиќна песна“ е напишана за шест недели и претставува олицетворение на новогодишните празници.

„Момчето во шарена пижама“ – Џон Бојн

Бојн бил преокупиран со приказната што ја пишувал, така што ја завршил за рекорден рок. По два и пол дена, модерната класика ја виде светлината на денот. Може да се претпостави дека тој ја променил исхраната, спиењето и останатите потреби за да го комплетира овој роман.

Слични објави

(Фото) Ќерката на Том Круз наполни 18 години: Од него ни трага ни глас, дури ни на роденденот на Сури

еспресо

„Ги преминува границите“: Марија Шерифовиќ проговори за грижата на својот син, а поради него имала расправија со мајка си

Еспресо

Ограбена Сандра Африка! Пејачката доживеала хорор на бензинска пумпа во Словенија

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на Неда Украден: Пејачката сподели убава вест и испрати емотивни зборови до најважната личност во нејзиниот живот

Еспресо

(Фото) Мина Наумовиќ покажа колку ужива во мајчинството: Објави селфи што го одзема здивот

Еспресо

(Фото) Доживела страв и ужас: Ива Гргуриќ се огласи од Дубаи по страшните поплави

Еспресо
Се вчитува....