8.8 C
Скопје
23:51 - 28 март, 2024

Астрологот на принцезата Дајана предвидува: Меган е бомба дизајнирана да прелета низ кралското семејство

Деби Френк, астрологот на кралското семејство и на принцезата Дајана, открила што можат да очекуваат напролет војводата и војвотката од Сасекс, кога и официјално ќе се повлечат од кралското семејство, пренесува Хело.

Таа вели дека сите важни работи во кралското семејство, меѓу кои венчавката на принцезата Дајана и принцот Чарлс, раѓањето на принцот Вилијам и војвотката Кејт и смртта на принцезата Дајана, се случуваат за време на помрачувањата.

„Поради таа причина, кога ги гледав кралските ѕвезди за 2020 година, можев да забележам високонапонски бранови кои го активираа заминувањето на Хари и на Меган од кралското семејство. Не само што помрачувањето на 10 јануари се наоѓаше директно на картите на Меган, Хари, Кејт и Вилијам, туку и две големи планети на промена се впарија во брачниот агол на картата на Меган, која е поврзана директно со кралицата. Сфатив дека ќе се случи нешто големо што ќе го протресе кралското семејство“, вели Деби.

„Предвидов дека тие нема да бидат дел од кралското семејство и дека ќе се одвојат како самостоен, моќен пар, но преговорите ќе бидат тешки“, додава астролгоот.

„Меган е како бомба дизајнирана да прелета низ кралското семејство, која сега е приморана да се прегрупира.

Меган пролетва ќе прозбори за контроверзни теми.

Полната Месечина во Девица на 9 март повторно ќе стави акцент на нивниот профил во јавноста.

Дефинитивно постои некоја светлина над војвотката од Сасекс во доцна пролет. Таа и Хари тогаш ќе можат да изградат пат кон среќната иднина.

Оваа година ќе донесе некои препреки и одложувања поради кои Меган ќе мора да се повлече и да чека. Ќе мора да го преиспита своето минато во мај, кога Венера ќе биде ретроградна.

Следното помрачување ќе се случи на 5 јули и тоа повторно ќе ги наврати членовите на кралското семејство на прашањата од јануари и ќе ги натера уште еднаш да се соочат со нив.

Остатокот од 2020 година ќе биде исполнет со значајни космички показатели кои укажуваат дека Меган треба да продолжи со своите соништа и визии. Во декември постои можност за вистинско раскинување со минатото, можеби уште едно бебе ќе биде на пат и следи конечно олеснување и одмор од напорниот период на примени“, завршува Деби Френк.

Слични објави

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо

Денес го славиме Свети Игнатиј, еве што (не) треба да правите

Еспресо
Се вчитува....