Земјата во 2020 година се вртела најбрзо во последниве 50 години

Минатата година нашата планета се вртела околу својата оска неколку милисекунди побрзо од просекот, поточно забележани се 28 најбрзи денови од далечната 1960 година.

Експретите велат дека ова не би треба да нè загрижува, бидејќи ротацијата на Земјата околу оската цело време малку варира затоа што на неа влијаат промените во атмосферскиот притисок, ветровите, океанските струи и движењето на јадрото.

Ваквото едвај забележливо зголемување или намалување на брзината може да биде непријатно само за оние кои се занимаваат со ултра-прецизни атомски часовници што го мерат Координираното универзално време (UTC), според кое ги поставуваме нашите часовници. Кога ротацијата на Земјата отстапува од UTC за повеќе од 0,4 секунди, UTC тогаш почнува да прави прилагодувања.

Од 1972 година, експертите приближно секоја година и половина додаваа престапна секунда.

Последното вакво прилагодување беше во 2016 година, кога една престапна секунда беше додадена на новогодишната ноќ во 23 часот, 59 минути и 59 секунди, пишува Live Science.

Но, минатата година работите се одвиваа поинаку и сега научниците размислуваат за прв пат да одземат една секунда од UTC. Имено, денот трае во просек 86.400 секунди, но астрономскиот ден во 2021 година ќе биде пократок за 0,05 милисекунди во просек. На крајот на годината, тоа би можело да биде заостанување од 19 милисекунди.

Астрономски гледано, Земјата минатата година 28 пати го срушила претходниот рекорд за најкраток астрономски ден поставен во 2005 година. Во текот на најкраткиот ден, 5 јули 2005 година, нашата планета се вртеше околу својата оска 0,0516 милисекунди побрзо од просечната 86.400 секунди. Најкраткиот ден во 2020 година беше 19 јули, кога планетата ја заврши својата ротација 1,4602 милисекунди побрзо од просекот.

Слични објави

Мишел Фајфер е 25 години во брак со овој човек: Сите други би побегнале, но тој останал покрај неа! (ФОТО)

Igor

ЗА НЕЈЗЕ ТОА МЕСТО Е ГРОБ: Таму Цеца нема стапнато веќе 20 години

Igor

Тамара ЈАВНО ѝ се извини на Невена: Еве што мисли за бодувањето на Евровизија

Igor

Мадона објави селфи – обожавателите разочарани и во шок: Таа веќе не личи на себе (ФОТО)

Васко Спасоски

Детаљ од младоста кој не може да го заборави – Кејт Мос со воодушевување се потсети на бакнежот со оваа легенда!

Еспресо

Ќерката на Цеца без грам шминка, скапа гардероба и гламур направи НЕСЕКОЈДНЕВНО ВИДЕО!

Igor

Остави Коментар

три × оне =

Слични објави

Плус сајз блогерка ја КОПИРА СЕКОЈА КОМБИНАЦИЈА на Меган Маркл: Нејзиниот Инстаграм профил е ЧИСТА ИНСПИРАЦИЈА (ФОТО)

Igor

Почна владеењето на Водолијата, период на најсилна енергија и најголеми промени!

Еспресо

Каде исчезна: Се сеќавате на атрактивната Ведрана од „Тротоар“? Еве како изгледа денес (ФОТО)

Igor

Сексуалната желба се враќа и со чај

Igor

ФОТО: 10 разделби на славните ѕвезди кои ја одбележаа 2020 година – Се распаднаа врските, веридбите и браковите!

Еспресо

Фото/За (не)мирен сон: Жешка недела на Инстаграм

Еспресо
MacedonianAlbanianBulgarianSerbian