23.8 C
Скопје
13:42 - 29 март, 2024

Во вртлогот на љубовта и војната: Династијата Романови, трагична судбина на руските принцези

Ова е приказна за младите жени кои ја платиле цената на нивното потекло, а убиени се во 1918 година од страна на Болшевиците во Сибир, заедно со нивните семејства.

Љубовта меѓу царицата Александра Фјодоровна Романова и последниот цар Николај Втори Александрович Романов била крунисана со брак во ноември 1894 година. Покрај четирите ќерки, тие добиле и син, кој, за несреќа на целото семејство, боледувал од хемофилија. Царицата мајка, која имала германско потекло, на почетокот на војната предизвикала бурни реакции меѓу народот и била сметана за шпион.

Еве кои руски принцези платиле кобна цена:

Олга Николаевна Романова

Најстарата ќерка на Николај и Александра Романови се родила во 1985 година. Според записите, таа била прекрасно дете, една од најобразуваните и најинтелигентни принцези во тоа време. За најдобра другарка ја сметала нејзината 18 месеци помлада сестра Татјана и заедно биле познати како „големиот пар“, зашто речиси никогаш не се разделувале, а како подарок добиле и одреден број војници со кои можеле да управуваат. За време на војната Олга поминала болничка обука и заедно со мајка ѝ и сестрата Татјана се грижеле за ранетите, сѐ додека на семејството не му бил одреден куќен притвор во 1918 година. Била убиена на 22 години.

Татјана Николаевна Романова

Таа била голема кнегиња од Русија, родена во 1897 година. Ја опишувале како најубавата царска ќерка, миленичка на нејзината мајка Александра. За жал, нејзиниот изглед бил изменет откако добила сипаници и изгубила доста од тежината, но тоа не ја спречило да му биде како втора мајка на помладиот брат Алексеј додека биле во притвор.

За неа се заинтересирал српскиот крал Петар Први и ја побарал за жена на престолонаследникот Александар. За време на посетата на Петровград (денешен Зрењанин) во 1914 година, кралот Петар му испратил писмо на царот Николај, а тој му одговорил дека им препушта на ќерките сами да одлучат за кого ќе се омажат.

На денот на стрелањето Татјана имала 21 година. Кога веста за масакрот на Романови стигнала до Солунскиот фронт, наследникот Александар бурно се простил од несудената сопруга и југословенска кралица.

Марија Николаевна Романова

Ова е третата по ред ќерка во семејството, родена во 1899 година. Била многу пријатна и љубезна, поради што му била омилена на царот. Важела за пример во семејството, а сестрите се шегувале дека не им е сестра, зашто никогаш не влегувала во неволји. Со сестра ѝ Анастасија, најмладата ќерка, ги викале „малиот пар“. Покажала огромна храброст пред убиството во Сибир, кога имала само 19 години.

Анастасија Николаевна Романова

Родена е во 1901 година, кога кралските родители имале одгледано три деца со кои поминале речиси сѐ, па нејзина задача била да го забавува семејството. Поради големата енергичност имала големо влијание врз нејзината сестра Марија, а гувернантата Маргарита Александра Игер зборувала дека Анастасија е најшармантното дете кое го познава.

За време на притворот имала проблеми во менталниот развој и силни емотивни напади, но и покрај сето тоа, успевала да го орасположи семејството. Се верува дека е убиена заедно со другите членови на семејството, кога имала само 17 години, но откако била пронајдена масовна гробница со членовите на семејството, се појавил сомнеж дека таа преживеала. Ова се смета за една од најголемите мистерии на 20 век.

Слични објави

(Видео) Прекинат концертот на Александра Пријовиќ во Бања Лука, пејачката веднаш реагираше

Еспресо

Се нижат смешни коментари за разводите на Драгана Мирковиќ и на Харис Џиновиќ: „Зорица и Кемиш ни се последна надеж“

еспресо

Змијанац го коментира разводот на Харис Џиновиќ: „Не знам зошто сите полудеа, разводот е зло“

еспресо

Шокантни детали за Шарлин и Алберт од Монако: Таа троши како луда, а тој ги плаќа и љубовниците

еспресо

Астропрогноза за петок, 29 март: На Бикот ќе му се врати старата љубов, Лавовите ќе бидат кралеви на денот

еспресо

Дожд од пари: Три хороскопски знаци конечно ќе го решат финансиското прашање

еспресо
Се вчитува....