9.8 C
Скопје
03:57 - 25 април, 2024

Во пресрет на Оскарите: Објавени номинациите за најлош филм на годината! (ВИДЕО)

Воочи доделувањето на Оскарите, познати се и номинациите за Златна малина, награда која му се доделува на најлошото остварување во Холивуд во текот на изминатата година.

Мјузиклот „Мачки“ доби девет номинации,  а потоа следуваaт петтиот дел од франшизата „Рамбо“ и комедијата „Семеен погреб на Медеа“ со по осум номинации.

Спротивно на традицијата, имињата на победниците ќе бидат објавени по вечерашното доделување на Оскари.

Меѓу номинираните се и неколку оскаровци, како Џуди Денч, Ен Хатавеј, Метју Меконахи и режисерот Том Хупер.

Освен овие три наслови, за најлош филм конкурираат и психолошкиот трилер „Фанатик“ со Џон Траволта во главната улога и хоророт „Прогонувањето на Шерон Тејт“.

За Златна малина за најлош актер номинирани се Меконахи, Траволта, Џејмс Франко, Силвестер Сталоне и Дејвид Харбор, а кај жените, Денч, Хатавеј, Хилари Даф, Франческа Хејворд и Ребел Вилсон.

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....