10.8 C
Скопје
22:41 - 19 април, 2024

Вљубена во убиец: Елизабет прозборе за врската со човекот кој уби повеќе од 30 жени (ВИДЕО)

Елизабет Кендал (вистинско име: Елизабет Клоепфер) 10 години била во врска со еден од најсуровите сериски убијци на сите времиња, Тед Банди. Банди признал убиство на 30 жени во 70-те, но се сомневаат дека постојат уште многу повеќе жртви. Тој бил погубен во 1989 година, а токму Елизабет била таа која го пријавила во полиција.

За деталите од нивниот однос, таа проговотила во новата документарна серија на Amazon Prime со наслов „Falling for a Killer“. Освен таа, во серијата од 5 епизоди за Банди ќе зборува и нејзината ќерка Моли, како и други жени кои биле поврзани со неговите злодела. Елизабет после погубувањето на Банди се повлекла од јавноста.

„Прв пат долгогодишната девојка на Тед Банди, Елизабет, нејзината ќерка Моли и други преживеани, ќе ги споделат искуствата кои ги проживеале и ќе откријат нови вознемирувачки детали за Банди и моќта која тој ја имал над жените, а ќе покажат и досега невидени семејни фотографии“, пишува во описот на серијата која треба да покрие временски период од 20 години.

Од Аmazon објасниле дека новата серија ќе зборува за злоделата на Банди од женска перспектива и ќе фрли ново светло врз тоа како неговата длабока омраза спрема жените се вклопила во добата на феминистичкото движење во 70-те.

Токму Кендал била таа која го пријавила Банди во полиција, а во серијата проговори за тоа како било да се живее со него и се обиде да објасни како успевал да „маѓепса“ толку жени.

„Никогаш не ни можев да помислам дека тој беше способен да направи такви работи. Се заљубив во него уште на првиот поглед, но постоеа некои работи кои не можев да ги игнорирам“, наведува таа во трејлерот на серијата.

За Банди неодамна беа објавени филм на Netflix „Extremely Wicked, Shockingly Evil and Vile” каде што Зек Ефрон го глумеше убиецот и серијата „Conversations with a Killer: The Ted Bundy Tapes“ која е снимена според мемоарите објавени во книгата „The Phantom Prince: My Life with Ted Bundy”, кои Елизабет ги напишала додека Банди бил во затвор. Тие двајца биле во долга врска, а таа открила дека долго време не можела ни да претпостави дека токму тој е личноста која е одговорна за бројните исчезнувања на младите жени во тоа време.

Во 1974 година кога тие двајца биле веќе 5 години во врска, полицијата објавила фоторобот од личноста која е осомничена за убиството на младите жени, а откриле и дека се вика Тед. Кога Елизабет го видела цртежот, сфатила дека многу личи на нејзиното момче и така започнале ужасните сомнежи. Набрзо после тоа го пријавила во полиција и открила дека во неговиот стан пронашла торба со женска облека и куп клучеви, како и завои. (Банди инаку често се преправал дека е повреден за полесно да им се приближи на жртвите)

Меѓутоа, дури и откако го пријавила во полиција, таа не можела да го остави Тед. Сите врски со него ги прекинала дури во 1980 година, кога тој веќе започнал врска со Керол Ен Бан. (Бан била негова пријателка со која се венчал за време на судењето за убиство)

Банди често ѝ се јавувал на Елизабет од затворот и ѝ праќал писма, а во една прилика признал дека многу малку фалело и таа да се најде на списокот на жртви, но нешто посилно од него не му дозволило да го направи тоа.

„Спиев во твојата куќа и почувствував дека ми доаѓа. Навистина се трудев да го контролирам тоа“, рекол тој.

Слични објави

(Фото) Ќерката на Том Круз наполни 18 години: Од него ни трага ни глас, дури ни на роденденот на Сури

еспресо

„Ги преминува границите“: Марија Шерифовиќ проговори за грижата на својот син, а поради него имала расправија со мајка си

Еспресо

Ограбена Сандра Африка! Пејачката доживеала хорор на бензинска пумпа во Словенија

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на Неда Украден: Пејачката сподели убава вест и испрати емотивни зборови до најважната личност во нејзиниот живот

Еспресо

(Фото) Мина Наумовиќ покажа колку ужива во мајчинството: Објави селфи што го одзема здивот

Еспресо

(Фото) Доживела страв и ужас: Ива Гргуриќ се огласи од Дубаи по страшните поплави

Еспресо
Се вчитува....