11.8 C
Скопје
20:08 - 25 април, 2024

Вистинските Рик и Морти: Средбата на двајцата актери ги разнежни корисниците на социјалните мрежи! (ФОТО)

Оваа недела, ѕвездите на филмовите „Враќање во иднината“ – Кристофер Лојд и Мајкл Џеј Фокс, разбудија носталгија кај фановите со само една фотографија.

Двајцата актери повторно се обединија за една хуманитарна партија покер, а во таа прилика и двајцата објавија заедничка фотографија на своите профили на Инстаграм.

Фановите веднаш се јавија во коментари пишувајќи „Какви легенди“ и „Вистинските Рик и Морти“, но и разни цитати од популарната футуристичка франшиза.

Двајцата актери се сретнаа на овогодинешниот турнир во покер во организација на фондацијата на Мајкл Џеј Фокс за истражување на Паркинсоновата болест.

Овој актер ја основаше фондацијата во 2000 година, откако му беше дијагностицирана Паркиносовата болест девет години порано.

Лојд и Фокс останаа блиски пријатели и по снимањето на трите дела од „Враќање во иднината“, кои набргу добија култен статус во поп културата.

Фокс кој имаше само 29 години кога му беше воспоставена оваа дијагноза, ја најави својата четврта книга, во која пишува за болеста, здравјето и стареењето.

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....