11.8 C
Скопје
00:45 - 24 април, 2024

Вистинскиот Волк од Вол Стрит ги тужи продуцентите: Бара 300 милиони долари отштета!

Џордан Белфорт, по чие мемоари е снимен одличниот филм „Волкот од Вол Стрит“ со Леонардо Дикаприо во главна улога, сега ги тужи продуцентите, барајќи им 300 милиони долари отштета.

Филмот на Мартин Скорсезе од 2013 година ги опишува успесите и падовите на Белфорт како брокер, од раскошно богатство до целосен крах.

Обилното и детално прикажување на сцени со консумирање на дроги, сексуална содржина и пцовки, направија „Волкот од Вол Стрит“ да биде предмет на многу критики кога се појави во јавноста.

Продуцентската куќа Ред Гранит и нејзиниот извршен директор Риза Азиз моментално се соочуваат со обвиненија за проневера на 248 милиони долари од малезискиот државен развоен фонд.

Белфорт ги продал правата на својот мемоар на оваа продуцентска куќа за 248 милиони долари, но тврди дека компанијата повеќе не е во можност да ги користи правата по скандалот со проневерата.

Фото: Принтскрин

Меѓутоа, во оваа прилика во јавноста исплива и интервју на Белфорт од 2017 година, во кое тој вели дека луѓето од Ред Гранит се „криминалци“, па тоа и дава уште една димензија на целата приказна, пишува Скрин Рент.

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....