13.8 C
Скопје
13:01 - 19 април, 2024

Видео од последното обраќање на Фреди Меркјури до фановите: Упати само неколку зборови кои болат и денеска

Легендарниот пејач Фреди Меркјури последен пат во јавноста се појави пред 30 години и тоа на доделувањето на „Брит“ наградите за 1990 година, пренесува „Мирор“.

Неговиот физички изглед ги шокираше сите фанови, пред да го каже последното збогум.

Последното јавно појавување на телевизија на Фреди заврши со три срцепарателни зборови кои им ги упати славниот рокер на своите обожаватели.

Фреди тогаш се појави на бината заедно со останатите членови на групата „Queen“, за да им биде доделена наградата „Брит“.

Само 21 месец по доделувањето на таа награда, Фреди доживеа трагична смрт, а неговиот изглед уште во таа прилика ги остави присутните без зборови. 

Фото: Принтскрин

Фреди продолжи да снима музика во тоа време, но неговата здравствена состојба налагаше повеќе време да минува дома, во кругот на најблиските кои се грижеа за него до самиот крај.

Неговото појавување на „Брит“ наградите всушност беше првпат кога многу луѓе сфатија колку пејачот навистина е болен и се чинеше дека тој на еден начин ја потврдува сериозноста на својата здравствена состојба.

Фреди изгледаше доста послаб и беше облечен во сребрено и сиво одело, наместо во својот препознатлив стил во „посвежи бои“, што беше посвојствено за него во минатото. Покрај тоа, пејачот изгледаше многу потиштено.

Откако бендот ја прими наградата и ја напушти сцената, Фреди ги упати последните зборови до своите обожаватели, кои веќе можеа да почувствуваат што ќе се случува во наредните месеци.

Меркјури застана пред микрофонот и рече: „Ви благодарам… добра ноќ“.

Фреди Меркјури почина на 24 ноември, 1991 година.

Слични објави

Ќе се вика „Вила Јована“: Дечкото на Јована Јеремиќ ѝ купи луксузна куќа со базен и овоштарник

Еспресо

Со Сергеј Трифуновиќ е приведен и неговиот „дилер“: Нови детали за апсењето

еспресо

Дарко Лазиќ по третпат станува татко: Катарина е бремена!

еспресо

(Фото) Синот на Драгана Мирковиќ јавно ја поддржа мајка си: „И во добро и во зло…“

jasmina.kantardzieva

Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ: Купувал марихуана

еспресо

Астропрогноза за петок, 19 април: За Близнаците нешто ново, за Рибите прилагодување на настаните

еспресо
Се вчитува....