11.8 C
Скопје
21:43 - 28 март, 2024

Уметнички дела со мистериозни пораки: Овие 5 тајни се скриени во познатите слики! (ФОТО)

Ништо не е како што изгледа. Делата на најголемите сликари кријат неверојатни пораки.
Најпознатите дела на големите уметници често кријат тајни од нивниот живот, нивните најголеми желби и скриените техники. Историчарите тврдат дека секоја од нив има некоја скриена порака. Некои од нив успеале да ги дешифрираат, додека некои слики и понатаму се голема мистерија.

1. Мона Лиза

EPA/ANGELO CARCONI

Тајната на познатата слика всушност е скриена во нејзините очи. Буквите и симболите во нејзините очи се видливи под лупа и сигурно се работи за порака, тврдат експертите.

Насмевката на Мона Лиза, познатиот портрет на Леонардо да Винчи, со векови ги воодушевува историчарите на уметност. Со методот на зголемување откриле дека во нејзините очи е скриена мистериозна порака, напишана со мали бројки и букви.

Историчарот на уметноста, Силвано Винченти наведува дека во десното око се буквите Л и В, кои упатуваат на иницијалите на славниот ренесансен мајстор.

profimedia

„И во левото око исто така има скриени симболи. Тешко е да се разликуваат, но најверојатно се работи за буквите Ц, Е и Б. Овие симболи не се видливи со голо око, но се јасно видливи под лупа“, вели тој.

„Знаеме дека Да Винчи користеше симболи и скоро сме сигурни дека се работи за порака“, додава Винченти.

2. Тајната вечера

Profimedia

Уште една слика на Да Винчи предизвикува полемики со векови. Според историчарите, тој се обидел да укаже дека Исус бил смртник.
Последната вечера на Леонардо да Винчи не е единствената постоечка верзија. Меѓутоа се верува дека е далеку поединствена отколку што се мислело порано и дека крие тајни пораки.

Другите слики го прикажуваат Исус со неговите 13 светци, но сликите на Да Винчи се уникатни и еден истражувач верува дека ја открил причината зошто Да Винчи не го поставил ореолот над главата на Исус и на неговите ученици. Според истражувачот, ова било изоставено за да се покаже дека Исус бил обичен смртник, а тој верува дека Марија Магдалена седи до Исус.

Леонардо Да Винчи исто така бил талентиран во областа на музиката и пишувањето, па така во своето дело „Последната вечера“ вметнал и мала композиција. Меѓу другото, на сликата е прикажана масата на која се наредени лебот, рацете на Христос и рацете на апостолите, подредени така да претставуваат музичка композиција.

3. Тревник

grassfield and clouds painting, Vincent van Gogh, oil painting, painting, landscape HD wallpaper

Во 2008 година, истражувачкиот тим од универзитетот „Делфи“ открил мистериозен портрет на жена која се крие во сликата „Тревник“ на Ван Гог. Откритието на тимот ги потврди сомневањата на многу историчари на уметноста, а тоа е дека навистина има нешто под „Тревник“. Користејќи рендгенска постапка, која го мери хемискиот состав на пигментите, истражувачите успеале да го пронајдат портретот.

4. Стариот гитарист

Profimedia

Ако внимателно ја погледнете сликата Стариот гитарист на Пикасо, ќе забележите дека силуета на уште една глава се наѕира до главата на човекот што е во преден план. Користејќи инфрацрвена технологија, истражувачите откриле уште неколку силуети под сликата. Објаснето е дека Пикасо немал доволно пари за нови платна, па затоа сликал преку слики. Од друга страна, некои истражувачи веруваат дека, всушност, тука се крие поголема тајна.

5. Гоја и Џозеф Бонапарта

BBC

Во 1823 година, шпанскиот уметник Гоја го насликал портретот на Дон Рамон Сатуе, шпански врховен судија. Истражувачите, 200 години подоцна, откриле дека под тој портрет се наоѓа уште позначајна фигура на Џозеф Бонапарта, братот на секуларниот император Наполеон. Џозеф бил крал на Шпанија до 1813 година, а Гоја го сликал неговиот портрет за време на неговото владеење. Сепак, во 1820 година, Гоја сфатил дека е опасно да се поседува сè што е поврзано со тогашниот поранешен режим на Бонапарта и го покрил портретот со друг.

Слични објави

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо

Денес го славиме Свети Игнатиј, еве што (не) треба да правите

Еспресо
Се вчитува....