19.8 C
Скопје
11:30 - 29 март, 2024

Цвеќето е идеален подарок за 8 Март, но внимавајте што подарувате! Гербер за мистериозност, божур за романтика…

Се приближува 8 Март, Денот на жената и би било добро мажите, синовите, браќата, на време да бидат подготвени и да се организираат за на вистински начин да ги изненадат своите сопруги, мајки, сестри, пријателки…

Сигурно нема да згрешите ако за подарок одберете цвеќе. Тоа секогаш е идеален подарок за оваа прилика.

Но секое цвеќе си има своја приказна, своја симболика, која ќе ја пренесе вашата порака на саканата личност. Научете го бонтонот на цвеќето и никогаш нема за згрешите со подарокот за личноста која ви е важна.

Во продолжение прочитајте го „јазикот на цвеќето“, кое влече корени уште од викторијанската традиција.

Роза

Оваа преубава и единствена „кралица на цвеќето“ најчесто се одгледува затоа што е омилен избор за најразлични прилики. Таа секогаш испраќа отворена и јасна порака, а тоа е љубов.

Меѓутоа, дали сте знаеле дека, според популарното верување, розите имаат посебно значење во зависност од нивната боја?

Црвена – означува страст

Бела – претставува симбол за невиност и чистота

Жолта – искажува љубомора

Розова – симболизира радост и нежност

И овенатата ружа има свое значење! Доколку некој ви подари овената ружа, тоа значи дека веќе не сака да ве види.

Букет од гербери и рози

Комбинацијата на овие цвеќиња била популарна во викторијанскиот период. Истото е и денеска! Доколку добиете ваков букет бидете горди, затоа што некој сака да ви каже дека сте грациозни и неодоливи! Исто така симболизира тајна љубов и запросување.

profimedia

Орхидеја

Егзотичниот цвет со исклучителна убавина, особено е популарен и застапен на пазарот во последните години и сигурно ќе ја одушеви секоја дама. Се верува дека орхидејата симболизира деликатна убавина, љубов, восхит и префинетост, така што со овој избор сигурно ќе ѝ покажете на вашата дама колку ја цените. Во древна Кина, тие се сметале за симбол на плодноста.

Лале

Осми март е одлично време за подарување лале, кое ја симболизира пролетта, сонцето и радоста. Исто така се верува дека означува слава и совршена љубов. Денеска лалињата се достапни во најразлични варијанти кои се разликуваат по боја, густина и форма на ливчиња.

Каранфил

Овај интересен цвет повторно е популарен, поради единствениот изглед, но и поради симболиката која ја носи. Се верува дека ја искажува страста. Некогаш на овие необични цветови им се препишувала и магична моќ. Поради тоа, сопружниците си подарувале еден на друг каранфили кои би биле чувари на нивната љубов и клуч на радоста во бракот.

Profimedia

Темјанушка

Овај препознатлив цвет има долга традиција во нашата култура и претставува еден од најчесто подаруваните цветови. Некогаш се сметало дека сините темјанушки ја искажуваат верноста, а белите скромноста. Во минатото девојките им подарувале на момчињата темјанушки, за засекогаш да ги сакаат.

Profimedia

Лилјан

Цвет кој е препознатлив по својот интензивен мирис и убавина, е вообичаен подарок на свадби, затоа што ја симболизира чистотата и невиноста, љубовта и совршената врска. Во Античка Грција овој цвет ѝ бил посветен на божицата Хера, заштитничката на бракот и потомството, додека во христијанството бил симбол на Богородица.

Profimedia

Божур

Божур е раскошен цвет со интересен изглед, кој од многу одамна ги краси градините, а денеска е неопходен дел од многу цветни аранжмани и е многу присутен на пазарот со својата новостекната популарност. Симболиката на божурот доаќа од Истокот, каде што се смета дека претставува симбол на убавина и романтика, среќен брак, како и чест и богатство.

Кај нас на овај цвет му се припишува магична моќ, па девојките го користеле да го освојат срцето на момчето кое многу го сакале, а се верувало и дека заштитува од магии, затоа се закачувало на лулката од новороденчето да ги одбие негативните енергии.

Profimedia

Слични објави

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо

Денес го славиме Свети Игнатиј, еве што (не) треба да правите

Еспресо
Се вчитува....