5.8 C
Скопје
05:47 - 29 март, 2024

Светска музичка сцена: Погледнете кои пејачи ќе објават албуми до крајот на годината! (ВИДЕО)

Многу популарни музичари оваа година ќе ја прекинат паузата со снимање и ќе ги израдуваат фановите со нови албуми, а магазинот „Rolling Stone“, ги оддели оние од кои публиката има најголеми очекувања.

Кон почетокот на 2019 година, Брус Спрингстин ја прекина паузата која траеше повеќе од 10 години и напиша неколку текстови за нов албум. Рокерот објасни дека има доволно материјал за тој и неговиот бенд да издадат нов албум.

Неговиот продуцент Рон Аниело неодамна најави дека новиот материјал на Брус ќе биде објавен во текот на оваа година.

Кога сме кај рок музиката, токму утре е денот кога фановите на Ози Озборн по седум години ќе можат да уживаат во нова музика.

Ози веќе објави неколку песни со кои го најави абумот, а помеѓу кои е и соработката со Елтон Џон во песната под наслов „Ordinary man“, како што ќе се вика и новиот албум на пејачот, кој излегува по седум години пауза.

Миленикот на тинејџерите, Џастин Бибер, се повлече од сцената, се ожени и му се посвети на семејството.

Последниот албум го објави пред повеќе од две години, а во интервјуто за „Вог“ во 2019 година објасни дека се чувствува стресно од самата помисла дека мора да снима музика.

Работам и успешен сум откако имам 13 години, така што и немав прилика да се најдам себеси во сето тоа – вели Бибер.

Последните две песни кои го објави се „Yummy“ и „I don’t care“, а неодамна го најави новиот албум кој ќе биде многу поинаков од оние кои ги снимаше досега.

Раперот Дрејк исто така е на листата на музичари кои имаат намера да објават албум во тековната година. Во своите интервјуа тој објасни дека сега има нов пристап кон снимањето и пишувањето на музика, зборувајќи дека често прави паузи помеѓу снимањата за да ужива во животот со семејството и пријатели.

Албумот на кој веројатно најдолго се чека е оној на Ријана, кој на фановите им беше ветен за минатата година, но ќе биде објавен оваа година.

Според првичните информации, албумот ќе се вика „R9“, а пејачката на овој материјал работи повеќе од година и половина, објаснија продуцентите.

Неверојатната Адел најави албум под назив „30“, кој ќе биде објавен годинава во септември. Покрај неа, фановите на Дуа Липа исто така ќе можат да уживаат во нови песни на омилената пејачка.

Кеша и Селена Гомез веќе ја отворија 2020 година со нова музика, додека Лејди Гага допрва треба да одлучи кој месец најмногу и одговара за објава на новиот материјал.

„The killers“, The weeknd, „The 1975“, „Green day“ и Хајли Вилијамс, исто така ќе ја почестат публиката со нови песни до крајот на оваа година, најавува „Rolling Stone“.

Слични објави

(Видео) Миа Костова стана жртва на измама: Не рекламирам чаеви за слабеење, не наседнувајте на лажни реклами

Еспресо

(Фото) „Моите деца ме подмладуваат“: Симона Поповска го прослави 32. роденден со семејството

Еспресо

Принцот Хари ќе има кратка и официјална средба со кралот Чарлс: Еве ги деталите

еспресо

Уапсен познат српски естраден менаџер: Во станот му нашле дрога

Еспресо

Искрено со Пеце Суперхикс: Во лутина имаше и физички пресметки и фаќање за гуша, но затоа издржавме 30 години

Александра Георгиев

(Фото+видео) Сите гледаа во задникот на Цеца: Пејачката се „стегна“ во кожна комбинација од 350.000

Еспресо
Се вчитува....