10.8 C
Скопје
08:03 - 29 март, 2024

Српскиот глумец Власта Велисављевиќ вози и на 94 години!

За разлика од неговите врсници, Власта неговите 94 години не го спречуваат во извршувањето на секојдневните активности.

Познатиот актер веќе со години вози црвена „лада“, така што не мора да се гужва во градскиот превоз. Toj e исклучително внимателен возач, не вози брзо, застанува на секој пешачки. Сè на сè ги почитува сообраќајните прописи.

Власта е српски театарски, филмски и телевизиски актер. Роден е на 28 јули во 1926 година во Белград. На сцена е повеќе од 70 години, а за тоа време одиграл повеќе од 350 улоги, па затоа го сметаат за српска актерска легенда. Добил бројни признанија, а последна и нему најдрага му е тоа што е прогласен за доживотен почесен член на Југословенскиот драмски театар. И припаѓа на првата генерација студенти по глума во Белград. Запаметен е по улогата на баба Нате во филмот „Мала ноќна музика“, а љубителите на театарот го паметат по улогата во претставата „Бубачка во уво“ која ја одиграл повеќе од 1 600 пати.

Почнал да глуми во театар  на 12 години

Власта уште како дете во основно училиште со другарите организирал претстави во дворот. На метална конструкција за тресење теписи поставувал завеси, што за него претставувале сцена. Со мајка му одел да ја гледа операта „Дон Кихот“, а познатиот руски бас Шаљпин лично му подарил две карти. Тоа биле седишта веднаш до кралската ложа. Сосетката му сошила посебен костум. На 12 години почнал да глуми во театарот Рода.

На 17 години бил во фашистички логор

Со другарите во време на најголемата глад краделе јаболка од вагоните на Германците, кои им ги праќале на нивните војници на Источниот фронт. Тие преку решетки со големи игли ги прободувале јаболката и ги ставале во вреќи, а подоцна  ги продавале во Белград. Сè додека Германците не ги фатиле. Другарите се извлекле, а Власта го фатиле. На само 17 години го пратиле во концентрациониот логор Дортмунд Херде во Германија. Со оглед на тоа дека бил здрав, не го ставиле во гасна комора, туку секој ден бил во работен логор. Го запозанл мајсторот Бергман кој секој ден му носел ручек. Толку се спријателиле што го носел и дома на гости, за на крај да му помогне и да избега од логорот. Му дал германска пропусница со помош на која се вратил во Белград.

Обид за бегство во Америка и повторно во затвор, овојпат „дома“

Во српската престолнина го доживеал бомбардирањето, глад и сиромаштија, на крај бил сведок и на ослободувањето во 1944 година. По завршувањето на војната се обидел да побегне во Америка, бидејќи не му се допаѓало тоа што следело. Не успеал да побегне, го уапсиле и го однеле во затвор кој се наоѓал на белградската Ада.

Татко му се молел да го пуштат, што на крајот и се случило.

Во 1948 година без проблем се запишал на Академијата за театарски уметности во Белград. Татко му не бил среќен што одлучил да студира глума, но го променил мислењето кога го видел на сцена. Па, дури на крајот на претставата и заплакал.

Три години поминал на Голи Оток

Се дружел со Мајцен, полковник на ЈНА и началник на катедрата на Високата воена академија. Мајцен бил сталинист, па со оглед на тоа дека бил прогонуван во тоа време, Власта несакајќи да го издаде, повторно завршил во затвор. Бил уапсен и одведен во затвор на Бањица, од каде е префрлен на Голи Оток. Таму поминал три години. Признава дека не му било лесно, но не ја доживел трагично целата ситуација. Се трудел да не размислува за судбината која го снашла и дека никогаш не видел кај луѓето омраза спрема него. На своите „џелати“ секогаш им наоѓал изговор зошто го прават тоа што го прават.

Вратите на белградскиот театар му биле затворени и да глуми и да гледа претстави

Во 1953 години е рехабилитиран и вратен во Белград, но вратите му биле затворени заради неговото минато. Дури на му дале да ја гледа ниту претставата за која имал карта. Преку мостарското семејство Шаин, го запознал учителот и големиот љубител на глумата Сафет Чишица кој го гледал како глуми во Клубот на писателите. Тој го поканил во Мостар каде во тоа време имало голема школа за глума и одличен театар.

После четири одлично поминати години во Мостар се преселил во Тузла, чиј театар барал нови актери. После три сезони во Тузла, пристигнал ансамблот Белградски драмски театар. Тогашниот управник изјавил дека никој не му брани на Власта да се врати, само треба да поднесе молба. Тоа и го направил и бил примен.

„Нема мали и големи улоги, само мали и големи актери“

Неговиот немирен  дух го однел и во Русија, а тоа значело крај на ангажманот во Белградскиот драмски театар. По враќањето во Белград бил повикан да глуми во Југословенскиот драмски театар. Оттогаш до денес одиграл стотина улоги во претстави на ЈДТ, но и во други белградски театри.

За посветеноста и љубовта кон својата работа сведочи податокот дека претставата за цело тоа време актерите ја „одржувале во живот“.

Заради своето минато често глумел споредни улоги, но само во Белград, не и во останатите градови.  Но, тој вели дека нема мали и големи улоги, само мали и големи актери. Играл во претставата „Хамлет“, „Сомнително лице“, „Не се шетај гола“, „Хитлер и Хитлер“ и други. Единствена улога која ја одбил била онаа во претставата „Балкански шпион“, бидејќи тврди дека е дволично комунизмот сега да се претставува во така лошо светло. Во април 2018 година станал доживотен почесен член на Југословенскиот драмски театар.

Оној момент кога нема да му бидам потребен на театарот, повеќе нема да живеам“,  вели Власта, додавајќи дека животот без театар за него не е живот. Она што го исполнува покрај театарот е риболовот и скоро да нема река во поранешна Југославија каде не ловел риби. Сака и животни, а на шега кажува дека неостварена желба му е да стане џез пејач.

 

 

 

Слични објави

Дожд од пари: Три хороскопски знаци конечно ќе го решат финансиското прашање

еспресо

Харис Џиновиќ ја отвори душата: „Таа побегна, ни со децата немаше контакт, баш добра мајка!“

еспресо

(Видео) Миа Костова стана жртва на измама: Не рекламирам чаеви за слабеење, не наседнувајте на лажни реклами

Еспресо

(Фото) „Моите деца ме подмладуваат“: Симона Поповска го прослави 32. роденден со семејството

Еспресо

Принцот Хари ќе има кратка и официјална средба со кралот Чарлс: Еве ги деталите

еспресо

Уапсен познат српски естраден менаџер: Во станот му нашле дрога

Еспресо
Се вчитува....