Среќата најмногу зависи од нас самите: 9 работи кои се потребни за среќа!

Сите луѓе сакаат да бидат среќни, но ретко така се чувствуваат. Се покажало дека чувството на среќа само 10% зависи од надворешните фактори: услови за живот, пари, образование итн. Следните 40% се генетска предиспозиција.

Преостанатите 50% се нашите сопствени постапки: кои цели себеси си ги поставуваме, какви односи градиме со луѓето. На тие 50% можеме да влијаеме, а тука е важно да не се вообразиме.

Понекогаш луѓето дури и се плашат да бидат среќни. Херофобијата е страв од среќа и забава. Таа е последица од верување во теоријата дека животот е како зебра – ако ти се случи нешто убаво, задолжително ќе ти се случи потоа нешто лошо. Всушност херофобијата нема никаква основа. Тоа е анксиозно пореметување кое треба да се лечи.

Што треба тогаш да се прави за да бидете среќни?

Дружете се и помагајте им на другите

Истражувањата покажуваат дека и затворените личности подобро се чувствувале кога почнале што повеќе да се дружат. Во текот на експериментирањето се доведени во ситуација да разговараат со непознати луѓе. На почетокот мислеле дека ќе им биде непријатно, а потоа се докажало како благотворно искуство. Според друго истражување, оние кои се грижат за други, се занимаваат со волонтерство и добротворна работа, се посреќни од оние кои мислат само на себе.

Донесете храбри одлуки

Честопати избегнуваме промени за да се заштитиме од разни сложени ситуации: остануваме во лош брак, бидејќи разводот би ни донел компликации. Не се одлучуваме да ја напуштиме досадната работа, од страв да не останеме без редовен приход. Истражувањата покажуваат дека луѓето имаат склоност да ја пренагласуваат јачината и траењето на своите емотивни реакции на негативни случувања (тоа се нарекува афектно предвидување). Во пракса, сите ние успешно се носиме со тешкотиите: и со разводот и со барањето друга работа. Многу сме поиздржливи отколку што мислиме и тоа мораме да го земеме предвид при донесување одлука.

Медитирајте
Многу луѓе се сеќаваат само на убави случувања од минатото, занемарувајќи ги лошите, исто така веруваат дека во иднина ќе биде сè подобро отколку денес. Последицата на тоа е да не се сконцентрираме на сегашниот момент и така пропуштаме да го доживееме во потполност. Истражувањата покажуваат дека медитирањето помага да научиме да бидеме попретпазливи и посвесни и го подига нивото на среќа.

Избирајте работа според желбата, а не платата
Докажано е дека среќните луѓе подобро работат. И обратно, работата што ја сакате, која ве исполнува и која ви дава чувство на успешност – ве прави посреќен. Кога ќе одберете работа која максимално ги открива вашите способности,  ќе уживате секој ден.

Внимавајте на држењето на телото
Некои истражувачи сметаат дека постои врска помеѓу исправеното држење на ‘рбетот и чувството на среќа. Вежбите за правилно држење на телото влијаат на луѓето во депресија. На оние кои правеле повеќе вежби, расположението им се подобрило и на крајот од денот се чувствувале помалку уморни, а истовремено и посреќни.

Побарајте помош од психотерапевт
Дури и ако имате многу пријатели и големо семејство, можеби не сте подготвени да им раскажете за своите скриени стравови, а тие вас да ве сослушаат без забелешки, совети или едвај чекајќи да се расприкажат. Чувството да нè видат и да нè слушнат е најважната компонента за среќа. Дали може психотерапијата да нè научи како да извлечеме од себе радосни искуства кои ги нарекуваме среќа? Не, но значајно ја подобрува општата состојба. Посебно кога на тоа ќе додадете спорт, здрав сон и добри пријатели. А во добри околности, за момент ќе светне искра на среќа.

Слични објави

Аница Добра, Ена Беговиќ, Ана Сасо… Седумте култни икони на Југославија кои оставија печат на многу генерации

Еспресо

КАРЛЕУША ИМА СЕРИОЗЕН ПРОБЛЕМ: Лекарите ѝ забранија да подигнува тешки предмети

Igor

Како да ја подобрите меморијата?

Еспресо

Ниту Паркинсоновата болест не може да го победи Ози Озборн: Не сакам никогаш да одам во пензија!

Еспресо

Актерот Фрањо Ласиќ стана татко во седмата деценија со 32 години помладата сопруга!

Еспресо

Сите гледаат во овие фотки на Кајли Џенер: Ноктите ги направи во стилот на нејзината чанта вредна 80.000 долари! (ФОТО)

Васко Спасоски

Остави Коментар

7 + три =

Слични објави

Одиме на Борнео – Уживајте во луксузното одморалиште Galapaya Resort

Еспресо

Сопругот на АДЕЛИНА ТАХИРИ фотографиран во друштво на ПОЗНАТА ПЕЈАЧКА (ФОТО)

Igor

Севе со нов имиџ во ултра мини фустан, мажите останаа подзинати (ФОТО)

Igor

Дневен хороскоп за ден 28.11.2020: Овните цел викенд ќе уживаат во опуштено издание, а Девицата ја очекува забава

Ивана Стамевска

Овој градежник има сериозен проблем: „Никаде не можам да одам, сите мислат дека сум Бред Пит“ (ФОТО)

Igor

Гледањето порно филмови со партнерот е возбудливо, но и препорачливо!

Igor