16.8 C
Скопје
10:01 - 29 март, 2024

Спилберг, Скорсезе и Бредли Купер заедно во филм за славниот композитор (ВИДЕО)

Американскиот актер и режисер Бредли Купер ќе режира филм за американскиот диригент и композитор Леонард Бернштајн, а правата за филмот кој се уште нема наслов ги откупи Нетфликс.

Купер исто така и ќе глуми во филмот, а покрај тоа во овој филм ќе биде вклучен и Џош Сингер, наградуваниот сценарист за остварувањето „Spotlight“. 

Меѓу продуцентите кои ќе работата на овој проект се вкучени големи холивудски имиња, како Стивен Спилберг и Мартин Скорсезе.

Купер е близок соработник со децата на Бернштајн, а откако со тимот составен од успешни лица во светот на филмот доби ексклузивни права за филмот, Нетфликс со задоволство го прифати проектот.

Ова нема да биде класичен биографски филм за Бернштајн, туку сложена приказна за бракот на американскиот композитор, пијанист, диригент, музички теоретичар и неговата сопруга Фелиција Монтеалегре, чилеанска актерка.

Бернштајн (1918-1990) беше еден од најславните диригенти и композитори во САД.

Тој ги диригирал речиси сите големи американски оркестри, а од 1958 до 1969 година тој беше и музички управник на Њујоршката филхармонија.

Бернштајн настапуваше и како оперски диригент и концертен пијанист.

Светската слава ја стекна со два мјузикли и тоа – „In the city“ и „West side story“, кои имаат и своја филмска верзија.

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....