11.8 C
Скопје
09:22 - 24 април, 2024

Соланж Ноулс прва ја прими наградата „Lena Horne“ !

Соланж Ноулс (33) е првата добитничка на наградата „Lena Horne“ за уметници која преку активизам прави друштвени промени, пишува aceshowbiz.com.

Наградата „Lena Horne Prize For Artists Creating Social Impact“ ѝ беше врачена минатиот викенд во Градското собрание во Њујорк.

View this post on Instagram

promise to love uuuuu (meee)

A post shared by @ saintrecords on

На свечениот настан беше присутна и нејзината мајка Тина Ноулс, но и очувот Ричард Ласон.

„Никогаш нема да го заборавам моментот кога бев млада девојка и кога ја слушнав неверојатната Лена Хорн, која магично и силно ги пееше зборовите „верувај во себе“ од мјузиклот „Wizard of Oz“… Цел живот ќе го помнам тоа“, изјави за медиумите.

„Во добата од 12 години ја глумев многу важната улога во Ансамбл Театарот во Хјустон, Тексас. Тогаш дознав за посветениот активизам на Лена и бестрашниот интегритет, кој го имаше как ожена и револуционерна уметничка“, откри таа.

„Чест ми е што ја примам наградата која го носи нејзиното име и што имам можност да го продолжам нејзиното наследство за употреба во уметноста и поттикнување на размислување и промени“, заклучи Ноулс.

Помладата сестра на Бијонсе Ноулс, освен пишувањето песни и помалку алтернативното музичко искажување, се занимава и со глума, манекенство, уметност и давање поддршка на друштвените проекти поврзани со човековите права.

Кон крајот на минатата година таа се разведе од сопругот Алан Фергусон.

Слични објави

Шокантна изјава на Канје Вест: Со оваа славна жена сака да има тројка

еспресо

Астропрогноза за среда, 24 април: Неодоливост за Лавовите, нови сојузници за Рибите

еспресо

Крајот на април ќе израдува три хороскопски знаци: Еве кои се среќниците

еспресо

(Фото) Прво огласување на Кејт Мидлтон по долго време: Еве што сакаше да порача принцезата

еспресо

(Фото) Јелена Ѓоковиќ мами воздишки во Мадрид: Ќе ве заболи глава кога ќе дознаете колку чини накитот кој го носи!

Еспресо

„Не знам како ќе заврши ова“: Марија Шерифовиќ ја откри причината зошто ја нема во „Ѕвездите на Гранд“

Еспресо
Се вчитува....