11.8 C
Скопје
22:24 - 28 март, 2024

Скромниот домар секој ден пиел кафе во болницата: Кога починал семејството ја дознало неговата тајна

Домарот од Вермонт и чувар на бензинска пумпа, Роналд Рид, докажа дека со скромната плата може да заштеди сума со дури 7 цифри. Всушност, Роналд почина во 2014 година на 92 годишна возраст и се до тој момент никој не знаеше дека има собрано цели 8 милиони долари, благодарение на тоа што паметно трошел и инвестирал.

Дури и неговото семејство било изненадено кога дознало дека тој има скриено богатство.

YouTube/Printscreen

„Беше исклучително добар работник, но никој не можеше ни да замисли дека тој е мултимилионер“, рече посинокот на Рид, Филип Браун во 2015 година.

Рид имал скромно детство. Бил првиот во семејството кој завршил средно образование и учествувал во битките за време на Втората светска војна. После војната започнал да работи на бензинска пумпа и како домар во една стоковна куќа, се оженил и добил две деца.

Тој живеел скромно. Не трошел пари доколку не било неопходно за него. Пријателите се сеќаваат дека возел половен автомобил, користел безопасна игла за да го закопча капутот и сам ги спремал дрвата за во зима.

YouTube/Printscreen

„Сигурен сум дека доколку неделно заработувал 50 долари, трошел максимум 10“, рекол пријател и сосед на Рид, Марк Ричардс.

Исто така, Роналд бил и добар акционер. 

„Господинот Рид беше сопственик на најмалку 95 акции во времето на неговата смрт, од кои многу од нив беа во негово сопствеништво со години, ако не и децении“, пишуваше во „The Wall Street Journal“ во 2015 година.

Рид оставил 6 милиони долари на локалната библиотека и болница.

„Тоа беше главната тема во градот. Луѓето се уште зборуваат за тоа“, рекол директорот на локалната библиотека за CNBC за донацијата од 1,2 милиони долари, а со тие пари беше обновена зградата стара 50 години.

Преостанатите 4,8 милиони долари од тие 6 милиони, тој ги донирал во болницата која редовно ја посетувал, но не поради лечење.

„Секогаш доаѓаше во болничката кафетерија за да испие чај и изеде по еден англиски мафин со путер од кикирики. Тоа е сето она што го правеше. И секогаш седеше на истата столица во ќошот на просторијата“, рекла неговата пријателка Елен Смит.

Слични објави

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо

Денес го славиме Свети Игнатиј, еве што (не) треба да правите

Еспресо
Се вчитува....