10.8 C
Скопје
23:04 - 19 април, 2024

СКАНДАЛ ВО ХОЛИВУД: Детално опишано како Чарли Шин силувал тинејџер, актерот ги негираше овие тврдења

Ѕвездата на култниот детски филм „The Goonies“, Кори Фелдман, со години наназад пренесува дека Холивуд е полн со педофили.

Сепак, своите тврдења никогаш не ги поткрепи со докази, ниту пак открива за кои личности се работи, бидејќи вели оти „се плаши од одмазда“.

Тој за овие информации бараше сума од милион долари за да има доволно пари да си плати обезбедување и адвокати, „во случај да се започне холивудска хајка против него“, но никој не сакаше да му плати толку.

Меѓутоа, во својот нов документарец, Фелдман изнесе шокантни тврдења за тоа дека детската ѕвезда, актерот Кори Хајм кој почина на само 29 години од воспаление на белите дробови, бил силуван од страна на Чарли Шин, пренесуваат повеќе странски медиуми. 

View this post on Instagram

low brow…? we think not.

A post shared by Charlie Sheen (@charliesheen) on

Фелдман во документарецот кој е емитуван на филмски фестивал во Лос Анџелес, ги откри имињата на луѓето кои го злоставувале него и неговиот пријател кога биле деца, и раскажува дека Кори Хајм до детаљ му опишал како бил силуван од страна на актерот заболен од ХИВ, Чарли Шин. 

Ми рече дека го силувал среде бел ден. Ми опиша дека го турнал помеѓу две приколки и го нападнал – пишува Фелдман во документарецот изнесувајќи и детален опис за тоа што таму се случувало.

Во документарецот уште неколку луѓе потврдуваат дека Хејм им го раскажал истото, а потоа преку својот адвокат се огласи и самиот Чарли Шин, кој ги негираше овие тврдења.

– Овие болни тврдења се лага. Точка – порача кратко Шин преку своите адвокати.

Ова обвиниение не е ништо ниво, бидејќи пред две години со истите овие информации во јавноста излезе и актерот Доминик Браска, но и тогаш Шин рече дека тоа се „глупости“ и дека тој е невин. 

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....