9.8 C
Скопје
06:56 - 19 март, 2024

Синдром Алиса во земјата на чудата: Што претставува и колку е опасен?

Сосема ненадејно, предметите изгледаа мали и далечни, или огромни и сосема блиски. Се чувствував како да се намалувам, а во исто време луѓето околу мене не беа поголеми од показалецот.

Понекогаш гледам како ролетните се креваат или се спуштаат, или дека раката или ногата неволно ми се нишаат. Можам да слушнам дека звуците се мошне гласни во мојата близина, или дека се далечни и бледи. Повремено имам мигрени, придружени со црвенило на очите, блесоци на светлина и вртоглавица. Секогаш сум свесен за овие неопипливи промени во мене и во околината. (Опис на синдромот Алиса во земјата на чудата од искуството на седумнаесетгодишно момче)

Сигурно се сеќавате на приказната за Алиса, девојчето што падна во бунар и сретна многу ликови кои можат да ја менуваат големината, обликот и обемот. Во медицинската пракса овие знаци на изобличена, искривена реалност се нарекуваат синдром Алиса во земјата на чудата. Синдромот може да биде безопасна и минлива појава во предпубертетскиот период и во адолесценцијата, кога во телото на тинејџерот се случува хормонална бура поврзана со растењето. Мозокот станува пречувствителен и создава илузии. Не е познато зошто се јавува изобличувањето, најчесто кај визуелните перцепции, но исто така и кај слушните и временските, а може да се јават и халуцинации, роеви мравки и глувци.

Потребни анализи

Причина може да бидат промените во протокот на крвта во мозокот. Синдромот се развива постепено, обично во три фази. Прво се јавуваат главоболка и вознемиреност, немир, а потоа разни знаци на искривена реалност.

Околните предмети (улица, дрвја, соба, мебел) и телото (очи, раце, нозе) стануваат премногу мали или премногу големи, рамните линии брановидни, вертикалните искривени, предметите што мируваат се како подвижни, а лицето како деформирано со неприродно големи очи. Овие симптоми можат да траат неколку минути, но и неколку дена.

Во третата фаза, симптомите постепено исчезнуваат, затоа не е потребна терапија. Понекогаш, останува повремена слабост, замор и апатија. Меѓутоа, сите опишани знаци можат да бидат симптоми и на посериозни болести. Затоа, потребно е да се направат бројни анализи за да се исклучи или докаже мигрена, окуларна мигрена, епилепсија, тумор на мозокот, инфективна мононуклеоза, воспаление на мозокот или употреба на психоактивни дроги.

Иако точната причина за состојбата сè уште не е точно утврдена, главната карактеристика на синдромот на Алиса во земјата на чудата е мигрената. Искуството на Алиса често го делат луѓето кои имаат епилепсија, повреди на главата, вирусот Епштајн-Бар или консумираат психоактивни супстанции.

Важно е да се истакне дека овие минливи симптоми не се најава за ментална или цереброваскуларна болест.

Слични објави

(Фото) Ким Кардашијан покажа ретка фотографија пред пластичните операции: Нема да ја препознаете!

еспресо

„Немам дечко веќе 40 дена“: Дара Бубамара отворено за мажите и врските

Еспресо

(Видео) Лозано има нова песна, слушнете ја „Бариера“

еспресо

Невкусен мајтап на Ким Кардашијан на сметка на „исчезнатата“ принцеза: „Одам да ја најдам Кејт“

еспресо

(Видео) Теа Таировиќ провоцира: Пејачката заводливо танцува во тесни хеланки

jasmina.kantardzieva

(Фото) Популарниот диџеј Дејвид Гета третпат стана татко: „Сијан, добредојде“

еспресо
Се вчитува....