Што е тоа што ви го уништува сексуалниот живот?

Добриот секс со партнерот е нешто што секој го посакува. Дури и во долгите врски партнерите прават грешки за време на сексот. Но зошто е тој толку важен? Сексот не само што ги исполнува вашите физички потреби, туку ви помага и да се поврзете со вашиот партнер. Поради ова важно е и вие и вашиот партнер да се чувствувате удобно во физичката интеракција во креветот. Овие грешки се најчести, и можат да имаат лошо влијание на вашиот сексуален живот.

1. Лежење на креветот без да правите ништо

За време на сексот, не е важно дали сте маж или жена, ако само лежите на креветот без да се мрднете вашиот партнер нема да се чувствува добро. Не очекувајте од партнерот да прави се, потребно е и вие да се потрудите. Оваа активност ги вклучува двајца, па немојте да бидете пасивни.

2. Мислите дека сексот е сигурен начин за да се намали стресот

Немојте да претпоставувате ништо за вашиот партнер, особено кога станува збор за секс. Можеби партнерот имал многу лош ден на работа и не сака да има секс. Иако мислите дека со тоа ќе му помогнете, голема е веројатноста тој да не се чувствува така. Ако го притискате, само ќе го зголемите нивото на стрес.

3. Страв ви е да ги искажете чувствата после сексот

Сосема е во ред да не ви се допаднале одредени работи кај вашиот партнер за време на сексот, или пак нешто навистина да ви се допаднало, па да сакате повеќе. Што и да е, зборувајте. Вашиот партнер треба да знае што е добро за вас, а што не. Мора да бидете јасни и нема од што да се плашите. Помогнете му на партнерот да истражува, но и вие побарајте го неговото мислење.

4. Секс без обврски

Вие можеби секогаш сте подготвени за секс за една вечер, но тоа не мора да важи и за партнерот. Можеби вие сметате дека вашиот однос е „без обврски“ но партнерот може да има сосема различно мислење. Осигурете се дека и двајцата го очекувате истото пред да направите што било.

5. Не се вклучувате во предиграта

Предиграта е можеби најважниот дел, па уживајте во неа. Немојте да бидете пасивни или да ја прескокнувате. Дозволете и на предиграта навистина да ве поврзи со партнерот. На тој начин ќе дознаете многу еден за друг.

6. Премногу зборувате

Немојте да зборувате премногу за време на сексот. Во ред е да кажете што сакате, а што не, но дозволете им и на вашите тела да зборуваат. Обидете се да почувствувате како реагираат вашите тела на блискоста. „Слушајте“ го телото на вашиот партнер и ќе дознаете многу и без разговарање.

7. Ги претворате бакнежите и прегратките во секс

Понекогаш можеби вашиот партнер сака само да ве бакнува, а бакнежите не мора секогаш да се претворат во секс. Иако сексот почнува со нив, понекогаш ова може да му испрати грешен сигнал на партнерот. Уживајте во деликатните работи бидејќи тие се клучни за градење силна и здрава врска.

Слични објави

Ова се најпопуларните патики на сите времиња: Култните обувки кои се појавија дури 648 пати на филмското платно

Васко Спасоски

Мистериозна пештера во близина на Атина: Звуците за кои нема објаснување ги полудуваат посетителите (ФОТО)

Еспресо

10 години го криела љубовникот на таванот, била причина за смртта на сопругот, а потоа имала уште двајца љубовници (ФОТО)

Еспресо

Со кого се забавува АДРИЈАНА ЛИМА на Миконос?

Igor

Рокенрол иконата се огласи за првпат по операцијата

Igor

Босанската Ким нарача евтина венчаница од интернет! Креацијата од 700 денари на фотки изгледа брутално, ама во живо е фијаско! (ФОТО)

Igor

Остави Коментар

19 + дванаесет =

Слични објави

Партнерот ви е одличен, но не и во кревет? Што да направите?

Igor

БОЛИВУД полуде по згодната ГРЧКА актерка (ФОТО)

Igor

Сека Алексиќ се соблече во купаќи па го покажа трудничкиот стомак (ФОТО)

Igor

Некогаш најзгодниот актер денес изгледа непрепознатливо

Igor

Хајди Клум: Костими кои ја направија кралица на Ноќта на вештерките (ФОТО)

Igor

Бидете вистински слаткар: Најважни техники при приготвување кремови и украсување колачи

Еспресо