Серијата „Sløborn“ го предвиде ковид-19 пред една година

Серијата „Sløborn“ е снимена минатата година додека Европа и остатокот од светот сè уште не беа погодени од пандемијата.

Кога на северот на Кина ќе биде откриена болест од типот на птичји грип, која потекнува од гулаби, луѓето што живеат на идиличниот остров во Северното Море за тоа воопшто не размислуваат.

Но, еден ден, морето исфрла на островот едрилица на која се наоѓале мумифицираните тела на британски пар. Подоцна се покажало дека тие го донеле вирусот со себе.

IMDB

Звучи како заплет инспириран од ковид-19, но, всушност, „Sløborn“, ТВ-серија во германско-данска копродукција е снимена лани додека Европа и остатокот од светот сè уште не беа погодени од пандемијата, а во Германија се емитувала минатата недела, пишува „Гардијан“.

Исто сценарио

Серијата, чиј наслов во превод значи „Бавно согорување“, но воедно е и името на островот, зборува за тоа како животот на истоимениот измислен остров паѓа во хаос и уништување кога ќе завладее вирусот. На островјаните им се советува да носат маски за лице и да вежбаат физичка дистанца. Се воведуваат правила за карантин, а теориите на заговор изобилуваат извори за избувнувањето на епидемијата.

IMDB

Творците на серијата ја опишаа како „постапокалиптичен катастрофален трилер преточен во модерен еп“, кој истражува „што се случува со модерните луѓе кога се распаѓа тенкиот лак на нашата цивилизација“.

Емитувањето за малку ќе се откажело откако шефовите на ТВ-куќата ЗДФ изразиле загриженост дека на гледачите можеби ќе им изгледа како премногу реална.

– Прашањето беше дали можеме да бараме од нашата публика серијата да ја гледа токму сега – им рекол писателот и режисер Кристијан Алварт на новинарите пред емитувањето.

IMDB

Алварт, кој се консултирал со вирусолози и персонал за брза помош, за да открие како Германија се подготвува за смртоносната пандемија, рекол дека бил инспириран од мислата дека катастрофи „главно се случуваат на друго место“ и се прашувал како би било ако нешто такво се случи поблиску до дома.

Бев зачуден дека постојано во медиумите слушаме за катастрофите во светот, но обично нашиот живот и понатаму се одвива нормално – рекол тој.

Кога Германија заврши во карантин, серијата била во постпродукција.

– Се наежив при помислата на она што го снимавме лани – рекол Алварт.

IMDB

Ја исмејувале

Германските ТВ критичари ја исмевале серијата што била снимена на крајот на 2019 година на германскиот источнофризиски остров Норденеј и полското крајбрежно одморалиште Сопот.

„Не многу суптилно“, беше пресудата на „Шпигел“ реферирајќи се на прикажување на еден од симптомите на болеста: крвавење од очите.

IMDB

Други пишувале дека серијата „би можела да се доживее како филм на хорор и катастрофи, доколку во последните неколку месеци немаше постојано потсетување на вистинските вести“.

„Ди Цајт“ ја опишува серијата како „претпазлива серија за коронавирусот, фикциска кулиса на нашата реалност во последните месеци“.

IMDB

Погледнете го трејлерот за серијата:

 

Слични објави

5 интересни приказни што не сме ги слушнале на часовите по историја: Цезар го киднапирале пирати, а тој ги довел до лудило

Еспресо

Аница Добра, Ена Беговиќ, Ана Сасо… Седумте култни икони на Југославија кои оставија печат на многу генерации

Еспресо

Сок за слабеење кој е вистински хит: На интернет овој рецепт го прегледале повеќе од 3 милиони луѓе! (ВИДЕО)

Еспресо

Ким Кардашијан ги шокираше фановите со големината на својата бања! (ФОТО)

Еспресо

Бурна љубовна приказна: Била БИЧУВАНА, присилувана на АБОРТУС, а сега изгледа како вистинската ХУРЕМ СУЛТАН (ФОТО)

Igor

Глумицата од „Игра на тронови“ подготвува венчавка како од бајките (ФОТО)

Igor

Остави Коментар

5 × 4 =

Слични објави

Еве како The Rock ја изненади својата најстара обожавателка (ВИДЕО)

Igor

Двојка во тон: Александра Заева со своето момче во елегантна зелена комбинација (ФОТО)

Igor

Годините не ја запираат: Доли Партон на 75 години сака повторно да биде на насловната страница на „Плејбој“!

Еспресо

Кои се и како изгледаат 12-те најбогати жени во светот?

Еспресо

Хороскоп за 24 јули, петок – Позитивните промени кои доаѓаат целосно ќе ве освежат!

Еспресо

Кијану Ривс првпат во јавноста со девојка: Дали верувате дека Александра е помлада од него?

Igor