Се разбудила од кома по 182 дена: Сопругот и децата не ги препознала, а потоа открила невидена измама

Вероника Фернандез (32) последната година пред сообраќајната несреќа што ја доживеала, живеела сама во бразилскиот град Виторија.

Нејзините родители починале, немала деца, а го напуштила своето момче неколку месеци пред да падне во кома. А, паднала во кома откако пијан човек налетал на неа додека возела велосипед на споредниот пат.

Вероника при ударот одлетала дваесетина метри и паднала на глава. Лекарите со денови се бореле за нејзиниот живот, а потоа била приклучена на апарати. Локалните весници пишуваа за неа, па многумина се заинтересираа за судбината на Вероника.

Оваа жена поминала 182 дена во кома, а кога се разбудила покрај креветот, ја чекал маж кој се претставил како нејзин сопруг. Тој веднаш ги повикал и децата. Наводно сите многу се израдувале поради будењето на Вероника, но нејзе не ѝ било јасно како се сеќава на сè друго, но не и на овие лица кои треба да бидат најважните во нејзиниот живот.

Следниот ден Вероника дознала дека локалните медиуми пишуваат за неа и секогаш потенцираат дека е богата, бидејќи од родителите наследила големо богатство. Тука сфатила за што станува збор и ги повикала лекарите.

Ги прашала дали овој човек со децата доаѓал да ја посетува, тие рекле – речиси секој ден. Тој им тврдел дека се семејство, дека ќе умре без неа. Мажот совршено глумел.

Всушност, станувало збор за еден локален измамник, кој сакал да игра на картата за амнезија и да се пресели кај Вероника за да ја убеди дека тој е нејзиниот сопруг и дека имаат две деца, бидејќи прочитал дека таа живее сама.

Неговиот план се изјаловил не само кога Вероника сфатила за што станува збор, туку и затоа што лекарите ѝ рекле дека не страда од никаква амнезија и дека закрепнала сосема добро.
Измамникот, во меѓувреме, бил уапсен, а се покажало дека децата се од неговото соседство и тој им платил да глумат во болницата.

Слични објави

Ќе ви биде на „рипит“: Слушнете ја „Љубов си ти“, посветена на кучето Арон од Богданци! (ВИДЕО)

Васко Спасоски

(ФОТО) Атрактивната Елеонора Миљковиќ ги зголеми големите гради: Се надевам сега ќе бидат совршени!

Васко Спасоски

Ева Лонгорија заблеска во деколтиран фустан кој најдобро им стои на жени со мали гради

Igor

Излезе од психијатрија: Популарната ѕвезда никогаш не изгледала полошо

Igor

Сораја од глава до пети во леопард принт! Дали вака се оди во музеј?! (ФОТО)

Igor

Селма Блер храбро зборува за својата болест

Igor

Остави Коментар

20 − 16 =

Слични објави

Евровизија 2019: Дали бројот 17 ќе ѝ биде среќен на ТАМАРА?

Igor

Се роди Ива: Фудбалерот Влатко Гроздановски стана татко по вторпат!

Васко Спасоски

Порано цртаните филмови создаваа генерации на културно писмени деца: Дали е случај тоа и сега? (ВИДЕО)

Еспресо

Наши миленици: МО & ЧАРЛИ

Еспресо

Водич за карантин: Совети од експертите за справување со самоизолацијата

Еспресо

Нина Бадриќ никогаш не била поубава и позгодна: Во својата петта деценија ја покажа својата одлична фигура!

Милена Ризовска
MacedonianAlbanianBulgarianSerbian