11.8 C
Скопје
23:18 - 23 април, 2024

Родена е Маргарита Стефановиќ, а убиен е Марвин Геј и други настани кои ја одбележаа музиката низ историјата

Денешниот ден во музичката историја Балканот го памети по раѓањето на „црната принцеза“, неверојатната Маги од култните „ЕКВ“, додека на светската сцена се одиграа други важни настани за кои можете во продолжение можете да прочитате…

1948 година – Роден е Џими Клиф, јамајкански ска и реге музичар, кој од 2010 година е дел од куќата на славни во Рокенрол музиката.

1951 година – Роден е Дражен Врдолјак, еден од најугледните рок критичари и промотори во поранешна Југославија.

1954 година – Роден е Џеф Поркаро, тапанар и рок продуцент, еден од тројцата браќа Поркаро, кои свиреа во американската рок група Тото.

1959 година – Родена е Маргарита Стефановиќ, клавијатурист во белградската рок група „ЕКВ“.

1962 година – Родена е Тамара Обровац, флаутист и етно-џез музичар.

1975 година – „Југотон“ го објави првиот сингл на новата сараевска хард рок група „Тешка Индустрија“ со песните „Караван“ и „УФО“.

1979 година – Со концерт во Бања Лука започна турнејата „Битанга и принцеза“ на која „Бијело дугме“ го промовираше својот истоимен четврти студиски албум.

1984 година – Пејачот Марвин Геј е убиен од рацете на сопствениот татко, само еден ден пред својот 45. роденден. Заедно со Стиви Вондер, тој беше највлијателниот изведувач на издавачката куќа „Motown records“, од каде произлегоа бројни славни музичари.

Во 1971 година Марвин го објави концептуалниот албум „What’s going on“, еден од најдобрите албуми од 70-тите години, а по бројните лични кризи, во 1982 година, тој објави уште еден успешен албум, од кој произлезе мегахитот „Sexual healing“.

1986 година – Групата „ЕКВ“ го објави албумот „С ветром у лице“.

2003 година – Американското рок дуо „The white stripes“ го објави својот четврти албум „Elephant“, кој го одбележа песната „Seven nation army“, која стана дел од листата од 100 најдобри гитарски рок песни.

Слични објави

(Фото) Јелена Ѓоковиќ мами воздишки во Мадрид: Ќе ве заболи глава кога ќе дознаете колку чини накитот кој го носи!

Еспресо

„Не знам како ќе заврши ова“: Марија Шерифовиќ ја откри причината зошто ја нема во „Ѕвездите на Гранд“

Еспресо

(Видео) „Дува силен ветар, ама…“: Се огласи Никола Роквиќ од патот кон Грција

Еспресо

(Фото) Први фотографии на Раста од болница: Раперот задржан поради големи болки

еспресо

(Фото) Пријател објави приватна фотографија на Дарко Лазиќ и Катарина: Вака не сме ги виделе

Еспресо

Раста итно примен во болница

Еспресо
Се вчитува....