21.8 C
Скопје
16:28 - 24 април, 2024

Роден е Дејвид Гилмор, „Битлси“ го објавија синглот „Let it be“ и други настани кои ја одбележаа музиката низ историјата…

На 6 март е роден човекот кој по своите соло изведби на гитара се издвојува од останатите, a се работи за единствениот Дејвид Гилмoр. На денешен ден „Битлси“ го претставија синглот „Let it be“ и тоа ќе биде последното заедничко издание на легендарната контроверзна група од Ливерпул, a ова не се единствените настани кои ја одбележаа музиката низ историјата на денешен ден. 

Во продолжение прочитајте за сите музички настани кои во минатото се случија токму на 6 март: 

1944 година – Роден Дејвид Гилмор, гитарист, пејач и автор, член на легендарните „Pink Floyd“ и соло артист. Гилмор важи за еден од најдобрите гитаристи на сите времиња, а во текот на седумдесеттите години од минатиот век заедно со Роџер Вотерс имаа големо влијание во развојот на прогресивниот психоделичен рок.

1970 година – Објавен синглот на „Beatles“, „Let it be“, заедно со песната „You know my name (Look up the number)“. Ова всушност е последното издание на четворката од Ливерпул додека се уште беа заедно.

1982 година – Групата од Нови Сад, „Лабораторија звука“ го објави албумот „Дубоко у теби“. Од овој албум посебно се одделија песните „Трофазни заводник“, Дубоко у теби“ и „Заборавјена драга“.

1984 година – Студентот Рик Рубин ја основаше познатата издавачка куќа Def Jam и првото издание беше сингл токму на неговата група „Hose“. Def Jam рекордс е американска издавачка куќа, најмногу фокусирана на хип хоп, поп и урбана музика.

1989 година – Во рамките на турнејата „Продавница тајни“, познатата балканска група „Бајага и Инструктори“ имаше свој настап во Домот на спортовите во Загреб, а овој концерт е снимен за нивниот прв албум во живо, кој е објавен како двојно ЛП издание – „Нека свемир чује немир“. Овој албум е посебно интересен поради првото објавување на изведбата на Бајага на неговата култна балада „Кад ходаш“, од репертоарот на групата „Рибља чорба“.

Слични објави

Октриени детали за смртта на водителката Бојана Јанковиќ: Познатиот глумец со потресни зборови

еспресо

Јована Јеремиќ со бизарна изјава: И мртва планирам да доминирам, ќе бидам култна како Мерилин Монро

Еспресо

(Фото) Сопругата на Дарко Лазиќ по веста за бременоста објави слика во хеланки и гол стомак

Еспресо

Инцидент на снимањето на новиот филм на Еди Марфи, повредени неколку членови на екипата

еспресо

Мелина Џиновиќ за своите деца: „Мило ми е што Кан не е како Џина“

еспресо

Еве кој му прави друштво на Никола Роквиќ на патот до Грција: „Поединец не може ништо сам!“

еспресо
Се вчитува....