12.8 C
Скопје
12:25 - 18 април, 2024

Работи кои може да се случат со вашиот организам доколку секој ден пиете чај

Доколку пиете чај читајќи го ова, веројатно секој орган во вашето тело е благодарен на тоа.

Незасладениот чај е богат со антиоксиданси кои ги спречуваат хроничните болести и помагаат во регенерирањето на клетките во телото.

„Тие ги отстрануваат слободните радикалии во телото и го намалуваат воспалението“, вели ортопедскиот хирург Антони Коури.

Еве што се случува во вашиот организам додколку секој ден пиете чај:

Ризикот од одредени карциноми се намалува

Антиоксидантите и споевите кои се наоѓаат во чајот се поврзани со помал ризик од одредени видови на карцином.


„Пронајдени се корисни ефекти во случај на рак на кожата, простатата, белите дробови и дојката“, вели Ума Наидо, управник во психијатриската Општа болница во Масачусетс и професот на факултетот „Harvard Medical School“.

„Различни видови на чај влијаат на различни видови на карцином“, смета таа.

Се намалува ризикот од дијабетес

Секојдневното пиење на црн чај може да го намали ризикот од дијабетес тип 2 бидејќи тој помага во контролирање на шеќерот во крвта после оброкот. Според студиите објавени во „Asia Pacific Journal of Clinical Nutrition“, црниот чај може да го намали шеќерот во крвта после консумирање на храна која содржи сахароза.

Забите ќе ви бидат поцврсти

Иако пиењето чај постојано во текот на денот може да предизвика благо пожолтување на забите, оваа навика може многу да се исплати. Според студиите објавени во магазинот „Journal of Oral and Maxillofacial Pathology“, зелениот чај има антибактериски дејства кои можат да ги намалат бактериите кои се прават во устата.

Вашето срце ќе ви биде благодарно

Антиинфламаторните својства на чајот можат да ги задржат крвните садови опуштени, ставајќи помалку стрес на срцето, покажало студијата за 2019 година објавена во списанието „Clinical Nutrition“.

„Катехините го намалуваат воспалението и така инхибираат формирање на плаки во виталните артерии“, вели докторот Коури.

Докторот Наидо препорачува да се пијат три чаши црн чај дневно за да се подобри здравјето на срцето.

Може да се намали ризикот од Алцхајмерова болест

„Зелениот чај може да ви помогне да ја зајакнете сопствената отпорност против стресот и потенцијално да го намалите ризикот од Алцхајмерова болест“, вели д-р Наидо и објаснува: Полифенолите ги штитат клетките од оштетување.

Поквалитетно ќе спиете

Доколку имате проблеми со несоница, обидете се пред спиење да испиете чај од некоја билка без кофеин.

„Медицинскиот чај од Источна Азија може да ја подобри несоницата“, вели д-р Наидо.

Според студиите на „Integrative Medicine Research“, пиењето чај може да го подобри сонот и квалитетот на животот кај оние кои се борат со блага до умерена несоница.

Важиот метаболизам ќе се забрза

„Кофеинот во чакот помага да се подобри менталната острина како и да се забрза метаболизмот и согори масти“, вели д-р Коури.

Но, важно е да внимавате да не претерате со кофеинот. Една чаша зелен чај содржи околу 40 милиграма кофеин, а д-р Коури препорачува дневниот внес на кофеин да се ограничи најмногу на 300 до 400 милиграма.

Но, можеби вашиот организам не апсорбира доволно железо

Катехините во чајот можат да ја променат способноста на вашето тело да апсорбира железо. Тоа значи дека дури и ако изедете доволно храна со висок процент на железо, можете да станете анемични.

„Иако тоа нема да влијае на голем дел од здравите луѓе, оние кои и понатака се борат со недостатокот на железо или анемија треба да избегнуваат големи количини на зелен чај“, препорачува д-р Коури.

Тука спаѓаат и децата, трудниците и сите кои имаат историја со болести на бубрезите.

Можете да бидете изложени на поголема опасност од крварење

Пиењето на преголеми количини чај, може да ве доведе во опасност од крварење дури и при помали посекотини или убоди.

„Поради тоа сте посклони кон модрици“, објаснува д-р Мишел Ли која од сите свои пациенти бара да престанат да пијат чаеви две до три недели пред операција.

Лековите може да не дејствуваат

Иако предностите на чаевите се многубројни, разговарајте со лекар пред безгрижно да започнете да пиете огромни дози на чај.

„Катехините може да влијаат на некои лекови за срце и крвен притисок“, предупредува д-р Коури.

Слични објави

„Се степав на училиште поради мајка ми“: Анастасија Ражнатовиќ си ја отвори душата за најтешките моменти од детството

Еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо
Се вчитува....