17.8 C
Скопје
09:29 - 28 март, 2024

Пронајден ковчегот со скриеното богатство во Карпестите Планини: Не го знам човекот што го пронашол, но песната го однела до него

Познатиот трговец со уметнички дела Форест Фен, кој пред 10 години скрил богатство во вредност од еден милион долари некаде во Карпестите Планини, објави дека ковчегот со богатството е пронајден, јавуваат странските медиуми.

Фен изјави дека маж го пронашол ковчегот со злато, накит и со други скапоцености во вредност од околу еден милион долари пред неколку дена и дека сака да остане анонимен. Како доказ, му пратил фотографија со пронајденото злато.

Фен трагите за локацијата на ковчегот ги скрил во песна од 24 стиха, а биле објавени во неговата автобиографија.

– Беше под ѕвездите во бујната вегетација на Карпестите Планини и не е поместено од тоа место минатите 10 години откако го скрив. Не го знам човекот што го пронашол, но песната го однела до него – рече Фен.

Стотина илјади луѓе залудно трагале по ова богатство на американскиот Запад. Некои дури рекле дека станува збор за измама и поднеле тужби против Фен. Многумина ја напуштиле работата за да се посветат на потрагата, а имало и такви што за потрагата ги потрошиле своите животни заштеди.

Се верува дека најмалку четири лица починале во потрага по богатството.

Фен вели дека го скрил богатството за да ги охрабри луѓето да тргнат во авантура во дивината. Како што наведува, ковчегот тежи околу 9 килограми, а неговата содржина уште толку.

– Не знам, на некој начин ми е мило, но истовремено и жалам што трката заврши – рече тој кога го прашале како се чувствува сега, кога богатството е пронајдено.

Instagram

Слични објави

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо

Денес го славиме Свети Игнатиј, еве што (не) треба да правите

Еспресо
Се вчитува....