14.8 C
Скопје
08:57 - 29 март, 2024

Приказна која е актуелна и по 100 години: Харисон Форд во сосема поинаква улога! (ВИДЕО)

Во најновата екранизација на безвременскиот роман „Повикот на дивината“, главната улога ќе ја толкува актерот Харисон Форд.

Форд целиот свој приватен живот го поминал покрај кучиња, ја разбира нивната природа и поради сето тоа за авторската екипа на најновото остварување на „Повикот на дивината“ тој стана најдобриот избор за протагонист во филмот.

Прославениот холивудски актер Харисон Форд е дел од најновата екранизација на класикот на Џек Лондон, а главен партнер на актерот во филмот ќе му биде кучето Бак.

Приказната која е актуелна и по 100 години од нејзиното првично создавање, во најновата филмска верзија предводена од режисерот Крис Сандерс, користи врвни визуелни ефекти и технологија со анимации, за животните во филмот да изгледаат реално. 

Приказната за Бак, куче кое е отстрането од домот, па и е препуштено на туѓината, според авторите на филмот претставува лекција за пронаоѓање на подобра и посилна верзија од нас самите.

Бак е куче со големо срце, чиј речиси совршен живот доживува целосен пресврт. Одеднаш го селат од неговиот дом во Калифорнија и го носат во суровата дивина во Алјаска.

Еден од најинтересните детали од снимањето на филмот е тоа што немаше реални кучиња со кои работевме. Наместо Бак, стоеше човек кој глумеше со мене за да ми ја олесни гестикулацијата, движењето на очите и да ми овозможи емотивно да реагирам како навистина да постои куче пред мене. Во почетокот тоа беше голем предизвик, но потоа стана забавно – рече Харисон Форд, кој го привлекол овој проект и поради тоа што „Повикот на дивината“ и е наменет и интересен и за помладата публика.

Фото: Принтскрин

Освен Харисон Форд, останатите улоги во филмот ги толкуваат Карен Гилан, Бредли Витфорд, Ден Стивен, популарниот француски актер Омар Си и други.

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....