5.8 C
Скопје
02:11 - 29 март, 2024

Поминаа 75 години од познатата битка за Иво Џима: За 36 дена загинаа 28.000 војници (ВИДЕО)

Оваа недела се одбележува 75-годишнината од почетокот на битката за Иво Џима, мал, оддалечен јапонски остров на кој се одвиваше една од најкрвавите битки од Втората светска војна. 

Иво Џима, остров со површина од само 21 километар квадратен, оддалечен 1.200 километри од Токио, беше првата јапонска територија на која пристигнаа сојузничките сили. Сместен помеѓу јапонската престолнина и Гуана, Иво Џима се сметаше за стратешки важна точка.

Во текот на 36-дневната битка на островот загинаа околу 7.000 американски маринци и речиси сите 21.000 јапонски бранители.

Јапонската војска на добро утврдениот остров пружаше отпор повеќе од еден месец, со помош на зајакната мрежа на бункери, тунели и тајни артилериски положби.

Фото: Принтскрин

Од 19 февруари 1945 година, повеќе од 500 американски воени бродови и 1.000 авиони го гаѓаа Иво Џима со таков интензитет, што бомбардирањето засекогаш го промени обликот на највисоката точка на островот, врвот Сурибачи, висок 169 метри.

Во бомбардирањето пред инвазијата бил користен и бел фосфор, а американските сили при битките користеле и фрлачи на пламен.

Врвот Сурибачи е освоен на 23 феверуари, а тогаш е направена и култната фотографија од шестмина американски војници, кои го креваат американското знаме на самиот врв.

Автор на фотографијата е Џо Росентал, фотограф на агенцијата АП, кој истатата година се закити со Пулицеровата награда за ова фотографско ремек дело.

Фото: Принтскрин

Иво Џима од американска во јапонска власт се врати во 1968 година, а од тогаш е дом за околу 400 припадници на јапонската морнарница и воздушните сили кои управуваат со тамошната писта.

Сеќавањето на жртвите во битката за Иво Џима се одбележува секоја година преку заеднички американско-јапонски церемонии.

Првиот јапонски цар кој присуствуваше на ваква церемонија е Акихито, во 1994 година, а овие начини на оддавање на почит се актуелни до денеска. 

Слични објави

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо

Денес го славиме Свети Игнатиј, еве што (не) треба да правите

Еспресо
Се вчитува....