2.8 C
Скопје
05:30 - 19 април, 2024

Полни 18 години без Данило Бата Стојковиќ: По која улога го паметите легендарниот српски актер?

Во 2002 година, пред точно 18 години, на вчерашен датум, 16 март, почина еден од најдобрите југословенски и српски актери на сите времиња – Данило Бата Стојковиќ.

Овој актер имаше богата кариера која започна во далечната 1953 година, и тоа со претставата „Крчма на главном друму“, која е направена по делото на славниот руски писател Антон Павлович Чехов.

На факултетот за драмски уметности во Белград, Бата беше примен од страна на Томислав Танхофер, а дипломираше кај Јосип Кулунџиќ во 1959 година.

Стојковиќ обожаваше да глуми во театар, а публиката сакаше да го гледа без разлика на тоа каде и во каква улога се појавува, и во Југословенскиот драмски театар, како и во „Ателјето 212“.

Бата своето деби на филмското платно го имаше во остварувањето „Издајник“ од 1964 година.

Негови најважни улоги во кариерата се забележани во филмовите „Мајстор и Маргарита“, „Чувар плаже у зимском периоду“, „Пас кои је волео возове“, „Национална класа“, „Ко то тамо пева“, „Маратонце трче почасни круг“, „Како сам систематски уништен од идиота“, „Посебан третман“, „Балкански шпијун“, „Идемо далје“, „Варлјиво лето ’68“, серијата „Грлом у јагоде“, но и во уште многу други остварувања.

Фото: IMDB

Бата Стојковиќ токму со овие улоги влезе во легендите, а ние ве прашуваме, која од овие улоги ви е најомилена од него?

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....