16.8 C
Скопје
12:33 - 20 април, 2024

Полански номиниран за 12 француски Оскари, а жените бесни: Му се оддава почит на насилник и педофил!

Активистки од неколку феминистички кампањи ја обвинија Француската филмска академија за поддржување на „насилник и педофил во бегство“, откако режисерот Роман Полански беше номиниран за 12 Цезар награди.

Француската филмска академија ги доделува наградите Цезар, кои практично се француски пандан на популарните Оскари.

За овие награди, Роман Полански доби 12 номинации, што групите за поддршка на жените жртви на насилство го процениле ова како директна пофалба на насилник.

Во 1978 година Полански побегна од САД, откако призна дека силувал 13-годишно девојче и оттогаш се води како бегалец од американската правда.

Неговиот филм „Офицер и шпион“ е номиниран за 12 награди Цезар, вклучувајќи ја и онаа за најдобар режисер.

Минатата година и француската фотографка Валентина Моние го обвини Полански дека ја принудил на сексуални односи кога имала само 19 години, во швајцарски скијачки центар.

Француската феминистичка група „Osez Le Feminisme“ ги оцени номинациите како срам за Академијата и бојкотирање на движењето #МеТоо.

За овие награди номинирана е и актерката Адел Ханел, која претходно обвини еден француски режисер дека ја силувал кога имала 12 години.

Од друга страна, претседателот на француската академија, Алан Терзан, смета дека при носењето на вистинската одлука за доделување на наградите, „академијата не треба да ја зема во предвид моралната страна на авторот“.

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....