5.8 C
Скопје
01:15 - 26 април, 2024

Ози Озборн со „Обичен човек“ го опишува своето необично животно патешествие

Познато е дека светски познатите музичари водат несекојдневен живот, кој како на приватен, така и на професионален план, никако не може да се нарече „обичен“.

Еден таков великан во музиката е и славниот рокер Ози Озборн, за кој може да се каже дека живее сѐ освен еден „обичен“ живот, а во својата најнова песна, во која го слушаме и вокалот на единствениот Елтон Џон, токму тоа и ни го открива – дека не сака да „умре како обичен човек“.
Споменатата песна го носи името „Ordinary man“ (Обичен човек), а станува збор за една кратка ретроспектива на музичката кариера на Ози, кој сега си ги признава сите грешки на приватен план, но и го изразува своето чудење како сѐ уште е жив, а тоа најдобро се гледа преку стиховите – „Направив мајка ми да заплаче, не знам како и понатаму сум жив“.

Патот до „Обичен човек“ за Ози претставуваше сѐ освен обично патешествие, со оглед на здравствените проблеми со кои неодамна се соочи пејачот, а името на песната всушност го носи и неговиот албум кој треба да излезе на 21 февруари, после речиси 10 години пауза.

Со објавувањето на новата песна во соработка со живата поп-рок икона Реџиналд Двајт, добро познат како Елтон Џон, кој во песната покрај тоа што пее, воедно и свири на пиано, Ози се враќа на сцената на голема врата.

Неговата сопруга Шерон Озборн неодамна зборуваше за тоа дека двајцата уметници работат на нова музика, а пред пет дена и официјално можевме да ја слушнеме аудиоверзијата, откако веќе се појавија првите две песни како најава за новиот албум.

„Обичен човек“ е тажна балада, Ози користејќи го токму Елтон Џон како вистински избор за една ваква нумера ја искажува својата подготвеност, но и стравот кој длабоко во себе го чувствува од смртта.

Низ стиховите „Не сакам да кажам збогум“, како и преку, „Не ме заборавајте како што боите избледуваат, кога ќе се исклучат сите светла сцената останува празна“, Озборн покажува дека сака на вистински начин да се прости од музиката и од обожавателите, истовремено не сакајќи да умре како обичен човек.

Во изјава за медиумите, Озборн рече дека музиката во последно време многу му недостасувала, како и дека за него ова е најдобриот албум кој некогаш го направил.

Емотивна, а воедно многу длабока и балада која отвора повеќе прашања за неговите сегашни видувања за животот, „Обичен човек“ всушност е само една увертира за она што нѐ очекува на 21 февруари, кога во целост ќе можеме да видиме што сѐ ни подготвил Ози со истоимениот албум, кој во музичкиот свет се исчекува со големо нетрпение.

Слични објави

(Видео) Никола Роквиќ откри колку пари собрал за четири дена: Српскиот пејач тргна пешки на пат долг 1.060 км за Грција

jasmina.kantardzieva

„Беше кратко и слатко“: Јелена Карлеуша повторно на суд поради Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Раста успешно опериран! Српскиот рапер покажа како се опоравува

Еспресо

(Фото) Ден пред погребот, објавен е мистериозен некролог за Бојана Јанковиќ: Без потпис

еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ носи часовник од 500.000 евра! Убавата тенисерка прошета уникатен „Ролекс“

Еспресо

(Фото) Црна позадина, без зборови: Поранешниот сопруг на покојната водителка Бојана Јанковиќ занемен од тага и болка

Еспресо
Се вчитува....