19.8 C
Скопје
11:05 - 29 март, 2024

Овие актери се доказ дека никогаш не е доцна: Популарноста ја стекнаа во подоцни години, а заработуваат милиони

Многу светски филмски ѕвезди чекаа со години за да добијат голема улога на големото платно, па да започнат редовно да се појавуваат на насловните страници на сите весници.

Ви претставуваме неколку славни личности кои станаа познати во своите доцни триесетти години, а некои пак дури и подоцна…

Харисон Форд (35)

Харисон Форд релативно доцна стана познат во Холивуд. Тој се проби на 35 години кога ја доби улогата на Хан Соло во трилогијата „Војна на ѕвездите“ (1977-1983). Овој актер подоцна стекна статус на главна ѕвезда кога ја толкуваше улогата на Индијана Џонс, преку низа на филмови за овој археолог и авантурист.

Џон Хем (36)

Џон Хем дебитираше пред телевизиските екрани во 2000 година, кога доби две улоги, но неговата популарност порасна во 2007 година, кога ја доби својата голема улога по која ни е добро познат на сите. Станува збор за улогата на Дон Дрејпер во серијата „Луѓето од Менхетен“.

Хем благодарение на својата напорна работа доби многу награди, номинации и доста позитивни критики.

Фото: Принтскрин

Тим Ален (38)

Тим Ален ја започна својата кариера како комичар во далечната 1975 година и со тоа се занимаваше долга низа на години. Тој стана посебно забележан кај светската јавност на 38 години и тоа благодарение на серијата „Сам свој мајстор“, која се прикажуваше на телевизиските екрани од 1991 до 1999 година. Ова беше една од најпопуларните серии во САД во деведесеттите години и Тим доби многу номинации и награди за оваа улога.

Џејн Линч (40 години)

Фото: Принтскрин

Оваа актерка стана популарна кон почетокот на 2000-тите години со проектите како „Најдоброто во емисија“ (2000 година), „Моќен ветер“ (2003) и „Девица на 40 години (2005).

Морган Фриман (50 години)

Фото: Принтскрин

Тешко е да се поверува постоеле времиња кога Морган Фриман не бил познат, но неговата популарност ескалираше во 1987 година, со филмот „Стрит смарт“. Кога го сними овој филм, актерот веќе имаше 50 години!

Остварувањето го направи познат насекаде ширум светот и му донесе неколку номинации и престижни награди. Неговиот успех подоцна го потврдија многуте номинации, како и наградата Златен глобус за неговата следна улога во филмот „Возејќи ја госпоѓа Дејзи“ (1989 година).

Стив Карел (43 години)

Стив Карел ги одигра сите свои клучни улоги во 2005 година кога веќе имаше 43 години. Тоа беа улогите на Мајкл Скот, шеф во комедијата „Канцеларија“ и улогата на Енди во филмот „Девица на 40 години“.

Овие два проекти го направија познат иако во филмовите и сериите почна да се појавува во деведесеттите години.

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....