24.8 C
Скопје
15:52 - 29 март, 2024

Ова моментално е НАЈЧИТАНАТА ПРИКАЗНА НА ПЛАНЕТАТА: Боби, те молам кажи ми, што направи пред да се ожениш со мене?!

Кога луѓето од движењето „Луѓе oд Њујорк“ запреле постар брачен пар на улицa и ги прашале да кажат нешто за себеси, тие не ни претпоставувале кого прашуваат.

Приказната која бабата почнала да ја раскажува е најсподелуваниот статус на Фејсбук, кој од вчера важи за најчитана приказна на планетата.

Прочитајте за што се работи:

Беше нормално утро. Поминаа точно пет години од тогаш. Јас правев чај во кујната. Боби беше во кревет, а некој тропна на вратата. Полека ја отворив вратата и ја видов полицијата. Не се загрижив, бидејќи имавме луд сосед, па полицијата доаѓа секој час. Мислев дека тие само направиле грешка со станот. Веднаш штом ја отворив вратата, 12 полицајци влегоа во станот. Им пишуваше „ФБИ“ на нивните јакни. Отидоа директно во спалната соба и ги слушнав како го прашуваат Боби – како се викаш? Тој рече: „Боби Лав“. „Не, јас те прашувам како навистина е твоето име”, му рече едниот од полицајците. Мојот сопруг нешто тивко му одговори. Тогаш вооружен полицаец му рече: „Па, веќе долго време се извлекувавте“. Потоа се обидов да влезам во собата, но полицаецот само викаше „назад, назад, не знаеш кој е овој човек“. Како не знам кој е, си помислив додека му ставаа лисици, во брак сум со него веќе 40 години. Тој дури немаше ниту досие. Почнав да плачам и додека го одведоа, викав „Боби, што е ова, кажи ми те молам кажи ми дали некогаш си убил некого“. Ме погледна и рече – „Ова се случи одамна. Пред да те запознаам Тоа се случи во Северна Каролина“, ја почнала жената својата приказна. 

Шерил во тој момент прекинала да зборува, па нејзиниот сопруг продолжил со приказната.

Тоа беше кога се викав Волтер Милер. Имав прилично типично детство. Растевме во сиромаштија, но ништо посебно не се случи се додека не отидов на концерт на Сем Кук кога имав 14 години. Бев навистина возбуден па се истуркав речиси до самата сцена. Луѓето скокаа наоколу затоа што тоа беше музика наменета за играње, но на пејачот тоа не му се допадна, па ја повикуваше публиката да се смири. После само две песни тој полуде и ја напушти сцената, па јас извикав – „Сем Кук не е ни за к…“ Внимавајте, во Северна Каролина во 1964 година, тоа беше доволно за да ме уапсат за недолично однесување во јавност. Тоа беше моментот кога целиот мој живот тргна надолу. Мојата мајка сама израсна осум деца, па немаше време да трча по мене. Буквално подивев. Крадев торбите од отворени автомобили, чекови од поштенски сандачиња, се охрабрив доволно за да ја ограбам соблекувалната во училиштето. Бев испратен во поправен дом. Мразев сè таму. Храната беше ужасна, а децата беа насилни. Сè уште имам лузни од тамошните тепачки. Секоја вечер го слушав свиреж од воз кој доаѓаше од далеку. Сакав навистина да дознаам каде оди тој воз. И така, една вечер го искористив моментот кога стражарот гледаше на својот часовник, за да истрчам на задната врата во правец на свирежот кој доаѓаше од возот. На тој начин побегнав за првпат“, раскажува старецот.

Ги следев шините се до Вашингтон. Се чинеше дека се ќе биде супер. Брат ми живеше таму, па за почеток спиев кај него. Се запишав во средно училиште. Сè беше добро, но не за долго. Почнав да се дружам со лоши групи на ученици, само лоши. Овие ограбуваа банки и успеваа да побегнат. Тие имаа шема да ограбуваат во области кадео обезбедувањето е помало. Учествував во неколку грабежи со нив. Имав чувство дека имам пари. Се разбира, тоа не траеше долго. Една банка имаше тивок аларм, додека ние истуравме пари во торбата не видовме дека банкарот управува со копче. Полицијата буквално нè чекаше пред влезот. Следуваше хаос, се обидов да избегам, но не успеав, полицајците почнаа да ме удираат. Се разбудив во болница, имав дупка во предниот и задниот дел на палтото.

Тоа беше крајот за Волтер Милер. Судијата ме осуди на 25 години затвор. Отпрвин, сè уште се надевав, па постојано поднесував жалби. Се надевав дека ќе пронајдам дупка во законот и ќе дојдам до ново судење со подобар адвокат. Бев испратен во затвор со огромна безбедност. Немаше бегање од таму и се навикнав на тоа. Мајка ми почина тогаш, а тоа уште толку ме дотолчи. Таа до крајот на животот се надеваше дека ќе се подобрам, но не доживеа да го види тоа. Потоа самиот на себеси си ветив дека ќе се променам. Бев толку добар што бев префрлен во затвор со минимална безбедност, што повеќе личеше на камп отколку на затвор. Овде беше порелаксирано. Можевме да шетаме низ дворот, да остваруваме телефонски повици. Дури имав свое радио шоу, го снимав секоја среда. Овде се чувствував подобро“, раскажува Боби Лав.

Тој потоа раскажал дека успеал некако да побегне од затвор, одлучил да го промени своето име и својот живот, да побегне далеку од Северна Каролина и да го остави целото тоа зад себе.

(10/11) “My world came crashing down. Bobby’s arrest was all over the papers. It seemed like the whole city was…

Publiée par Humans of New York sur Mercredi 5 février 2020

Подоцна тој ја запознал Шерил, со која 40 години е во брак и има четири деца, а откако по четири децении ја дознала вистината Шерил била во шок, но како што раскажува, бидејќи на олтарот му ветила дека ќе биде со него и во добро и во зло, на крај сепак му простила и останала со него.

Откако полицијата му го открила лажниот идентитет и го однела во затвор, Боби Лав поминал таму една година, а потоа бил пуштен, за да продолжи со својот нормален живот покрај сопругата Шерил која и покрај се не се откажала од него.

Слични објави

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо

Денес го славиме Свети Игнатиј, еве што (не) треба да правите

Еспресо
Се вчитува....