Ова е новиот вознемирувачки тренд на запознавање!

Одбројувањето до Денот на заљубените започна, а додека на некои луѓе тоа им носи нова прилика за романтична вечера, пијачка или поклони, за други претставува прилика за здрава доза неспретни разговори на апликациите за запознавање.

Многумина токму преку овие апликации успеваат да ги пронајдат своите идни партнери, но позади сите успешни приказни за запознавање преку друштвена мрежа се кријат и негативни трендови, пишува Mirror. После „ghosting“, го имаме и „whelming“.

Whelming е нов вознемирувачки тренд на запознавање со кој создавате впечаток дека сте посакувани. Тоа се постигнува така што на вашиот потенцијален партнер јасно му давате до знаење дека не е единствената личност со која разговарате, без разлика на тоа дали било вистина или не. Со самото тоа, во очите на личноста со која се допишувате или состанувате, наводно изгледате попосакувани и поатрактивни.

Кога е очигледно дека ќе станеме жртва на whelming?

Најава може да биде и обичен разговор кој се одвива многу споро и резултира со изјава како на пример: Извини, се допишувам со толку многу луѓе, што не успевам на сите веднаш да одговорам. Или кога ќе добиете збунувачка порака која нема никаква врска со темата за која се допишувате, а покрај која следува и коментар од типот на: Извини, ова требаше на друг да го пратам.

Оставајќи впечаток дека се преплавени со бројни понуди и голем избор на луѓе, како и дека вие не сте приоритет, се надеваат дека ќе ве поттикнат повеќе да се потрудите за да го заслужите нивното внимание.

Whelming се споредува со многу стариот и познат начин на манипулирање. Без разлика на тоа дали е односот топло-ладно или неадекватни комплименти кои имаат за цел да ја срушат самодовербата на соговорникот, така што ќе создатат потреба од истите луѓе да ги слушнат и убавите комплименти, whelming е само модерна верзија на овие методи за манипулирање.

Кога ќе приметите дека некој спрема вас се однесува на некој од овие начини, едноставно оддалечете се.

Слични објави

Факти за љубовта кои ни самите не сакаме да ги прифатиме

Еспресо

Познатиот актер Андрија Милошевиќ во женски фустан пее песна од Пршута Станојковиќ (ВИДЕО)

Igor

Нивес Целзиус покажа колку добро и стои „underboob“ – „Купачите и се смалиле од перење“ (ФОТО)

Igor

Се бањаа голи во кадата и добија неочекувано друштво (ВИДЕО)

Igor

Џастин и Хејли се венчаа по вторпат, а пејачот се почести со часовник од 50.000 долари (ФОТО)

Igor

Се омажи една од најубавите спортистки – Ива Стојковска, премиерот Зоран Заев беше гостин (ФОТО)

Igor

Остави Коментар

шест + петнаесет =

Слични објави

ВИСТИНСКАТА ЉУБОВ ОПСТАНУВА И ПОКРАЈ ПРОБЛЕМИТЕ! Заедно ги пребродија најтешките животни моменти! (ФОТО)

Igor

Хари Мата Хари ограбен во Белград: Му украле часовник вреден 15.000 евра!

Еспресо

Науката одлучи! Принцезата Дајана е најубавата благородничка на сите времиња

Еспресо

Обидете се: Одгледајте си храна во пластични чаши

Еспресо

Филарета Атанасова, глумица: Обожавам што сум жена!

Еспресо

Емина Јаховиќ искрена: На мајка ми и брат ми тешко им е кога читаат што пишуваат за мене! (ФОТО)

Igor