12.8 C
Скопје
17:59 - 25 април, 2024

Орландо Блум како принцот Хари: Се снима телевизиска серија за британското кралско семејство

Гери Џанети, писател и продуцент на хумористичната телевизиска серија „Family Guy“, сега прави анимирана серија за британското кралско семејство, пренесува „Би-Би-Си“.

Токму Орландо Блум доби улога да го позајмува гласот на принцот Хари во новата пародија под наслов „Принцот“, која се однесува за кралското семејство, а ќе се фокусира на шестгодишниот принц Џорџ – внукот на Хари и најстарото дете на војводата и војвотката од Кембриџ.

profimedia

Страницата на писателот Гери на социјалните медиуми е исполнета со спомени од Џорџ како фрла играчки врз своите браќа и сестри, принцезата Шарлот и 20-месечниот принц Луис, неговиот чичко Хари и тетката Меган Маркл, нивниот осуммесечен син Арчи и други членови на семејството, вклучувајќи ја и бабата на младиот принц, кралицата Елизабета.

Profimedia

Серијата ќе се емитува на претстојниот нов стриминг-сервис на „HBO Max“, а продуцентите не можат да дочекаат да видат што ќе донесе Гери на екранот, кој ќе ја напише и продуцира серијата и ќе му го позајми гласот на Џорџ.

На Орландо и Гери при позајмувањето на гласовите и на останатите членови на кралското смејство, ќе им се придружат уште и Иван Раон како принцот Вилијам, Луси Панч како неговата сопруга, војвотката Кетрин, а и Кондола Рашад како војвотка од Сасекс.

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....