10.8 C
Скопје
03:51 - 25 април, 2024

Одржан првиот концерт во чест на култните ЕКВ, роден Џејмс Блант и уште неколку настани кои ја одбележаа музиката низ историјата…

На денешен ден во музичката историја се сеќаваме на некои култни музичари, песни и концерти, со  кои светот токму на овој ден за првпат имаше прилика да се запознае. 

Да почнеме со ред:

1974 година – Роден Џејмс Блант, британската поп ѕвезда со најголемиот хит – „You’re beautiful“.

1977 година – Англискиот пејач Елвис Костело го објави својот дебитантски албум „My aim is true“. Албумот е рангиран како 168-ми на листата од 500 најдобри изданија на сите времиња, а песната „Alison“ – една од 12-те теми кои сам ги напиша и сними Костело, исто така е дел од листата на најдобри песни на сите времиња и е еден од најпрепознатливите наслови на овој автор. Интересно е тоа што албумот „My aim is true“ е најпродаваниот кој Костело го објавил, а музичарот успеал да го сними за само 24 часа!

1987 година – почина Енди Ворхол (58), поп артист и продуцент од светски калибар. Ворхол беше основач на поп арт движењето, продуцент и менаџер на групата „The Velvet underground“.

1993 година – Британскиот алтернативен рок бенд „Radiohead“ го објави својот дебитантски албум „Pablo honey“. Од ова издание на светските топ листи се појавија три песни – „Anyone can play guitar“, „Stop whispering“ и „Creep“.

1998 година – Мадона го објави седмиот студиски албум под наслов „Ray of light“.

инстаграм

2003 година – По смртта на клавијатуристката Маргарита Стефановиќ вo 2002 година, ниту еден од изворните членови на славниот српски рок состав Екатарина Велика (ЕКВ) повеќе не беше помеѓу живите. Концертот „Tribute to EKV“, одржан е на денешен ден во 2003 година во Загреб, со врвна постава на домашни рок музичари, со што се одржа првото оддавање на почит на музичкото наследство на култните ЕКВ. . Концертот е снимен и истата година е објавен како албум под назив „Jako dobar tatoo! Tribute to EKV“.

Слични објави

Вртоглав успех: Два хороскопски знаци ќе направат пробив во кариерата на крајот на месецот

еспресо

Нина Бадриќ си ја отвори душата: Платив висока цена, психопати пробаа да ме малтретираат

Еспресо

Исчезна од сцената поради неизлечлива болест: Селин Дион искрено проговори за тешката борба

Еспресо

„Татко ти те научи да бидеш добар човек“: Српски свештеник го угости пејачот Никола Роквиќ

Еспресо

(Фото) „Доста ми е веќе, ќе полудам“: Се огласи Џина Џиновиќ од велелепната вила, покажа што ја мачи

Еспресо

(Фото) Тргна пеш за Грција: Никола Роквиќ откри колку пари собрал за три дена

Еспресо
Се вчитува....