12.8 C
Скопје
01:47 - 25 април, 2024

„Однесено со виорот“ отстранет од ХБО: Вакви расистички прикази беа погрешни тогаш, а погрешни се и сега

Култниот филм „Однесено со виорот“ е отстранет од ХБО Макс, новиот стриминг сервис, кој неодамна го лансираше куќата „Варнер брос“, како ривалска платформа на Нетфликс и на Дизни +.

Причината за ваквиот потег е начинот на кој е прикажано ропството во филмот што има добиено осум Оскари.

Повод за остранувањето беше натписот на Џон Ридли за ЛА Тајмс, во кој „Однесено со виорот“ го опиша како „филм, кој кога ќе се занемарат хорорите на ропството, прави паузи само за да ги претстави најболните стереотипи на луѓето со темна боја на кожата“.

IMDB

Во соопштението до јавноста во кое се образложува потегот на привремено отстранување на антологискиот филм „Однесено од виорот“ од 1939 година, со Вивиен Ли и Клерк Гејбл во главните улоги, од ХБО Макс велат дека ги послушале повиците од јавноста, и дека иако филмот е „производ на своето време“, тој содржи „етнички и расни предрасуди“ кои биле погрешни тогаш, а се погрешни и денес.

IMDB

„Вакви расистички прикази беа погрешни тогаш, а погрешни се и сега, па мислиме дека би било неодговорно ваква содржина да се прикажува на нашата платформа“, одговориле од ХБО Макс.

Истовремено, се вели дека филмот ќе се врати на платформата на неодреден датум, но придружен „со дискусија за историскиот контекст“.

Imdb

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....