14.8 C
Скопје
15:45 - 19 април, 2024

Од 12 јули продолжуваат снимањата: Поради коронавирусот интимните сцени ќе се снимаат на поинаков начин

Филмската индустрија полека се буди, па од 12 јуни ќе продолжат да се снимаат филмови и серии по паузата поради коронавирусот. Но некои работи ќе бидат поинакви од претходно.

Властите ги предупредија филмските работници да продолжат да се придржуваат до мерките за заштита од коронавирусот, а сексуалните сцени ќе се снимаат поинаку од досега.

imdb

Иако сите кои ќе бидат вклучени на сетот ќе се тестираат, сцените со секс како и сите други кои вклучуваат блиски контакти, или целосно ќе се менуваат, или ќе се снимаат со помош на компјутер и потоа ќе се додаваат во монтажата. Аудициите и понатаму ќе се одржуваат нормално, но продуцентите ќе надгледуваат зад плексиглас.

На сите сетови ќе има и посебни надзорници кои ќе внимаваат што се слчучува и дали се кршат некои правила, пишува Дејли мејл.

Од следната недела продолжува и музичката продукција, а исто како на филмските сетови и во музичките студија ќе мора да се спроведуваат посебни мерки поради пандемијата.

Округот Лос Анџелес, во кој се сместени стотина филмски студија, до минатата недела потврди 44 смртни случаи од последици од коронавирус.

 

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....