11.8 C
Скопје
18:35 - 25 април, 2024

Никогаш нема да погодите кои актерки беа бремени за снимањето на нивните најпознати улоги! (ФОТО)

Снимањето филм е тежок процес кога актерките треба да глумат додека се бремени, тоа претставува дополнителен предизвик. Овие силни жени се вистинскиот пример. Во некои случаи писателите, режисерите, костимографите, па и камерманите имаат тешка задача да ја сокријат бременоста на актерката. Постојат случаи каде бременоста го претставува токму тоа што е потребно.

„Bright side“ избра неколку омилени женски ликови за кои сметаат дека ретко кој знае дека биле бремени за време на своите филмски остварувања. Дали вие знаевте?

Џилијан Андерсон – „The X-Files“

На младата Џилијан Андерсон ѝ потврдиле дека ја добила улогата во серијата и баш тогаш таа дознала дека е бремена. Шефовите се обиделе да ѝ најдат замена, но извршниот продуцент Крис Картер одбил да ја даде улогата на Дени Скули на некој друг.

Нејзиниот стомак кој растел го криела со широка облека и добри кадри на снимање, а во последните месеци на бременоста заплетот на приказната се сменил. Џилијан својата ќерка ја нарече Пипер Мара, по називот на една од епизодите.

Синтија Никсон – „Sex and the City“

View this post on Instagram

From Cosmos to Cuomo #10yearchallenge

A post shared by Cynthia Nixon (@cynthiaenixon) on

Освен Сара Џесика Паркер која успешно ја сокри својата бременост, нејзината колешка од серијата, Синтија Никсон, исто така забремени за време на снимањето. Продуцентите на серијата одлучија дека нејзиниот лик во серијата може да забремени, па Синтија не мораше да го крие својот стомак.

Лиса Кудроу – „Friends“

Во четвртата сезона на популарниот ситком, Фиби прифаќа да биде сурогат мајка на својот полубрат и неговата жена, само затоа што актерката беше бремена и во реалниот живот. Фиби носеше тројки, а Лиса беше бремена со едно дете, па мораше да носи и перница за да добие поголем стомак.

Џулија Робертс – „Ocean 12“

Интересно е тоа што Џулија во филмот се преправа дека е бремена, иако навистина е во реалниот живот. Филмот не помина добро во кино салите, но Џулија роди здрави близнаци.

Марсиа Крос – „Desperate Housewives“

Малку подоцна откако наполни 45 години, актерката дозна дека е бремена со близнаци, па приказната на нејзиниот лик од серијата наеднаш ја смени насоката. Бри Ван де Камп се преправа дека е бремена за да избегне јавен срам. Пред крајот на нејзината бременост, на актерката ѝ било толку лошо што снимањето се префрлило во нејзиниот дом.

Алисон Ханиган – „How I met your mother“

View this post on Instagram

1997 —> 2020

A post shared by Alyson Hannigan Denisof (@alysonhannigan) on

За време на снимањето на серијата, Алисон Ханиган два пати остана бремена. Првиот пат нејзината бременост е потполно сокриена со соодветна облека и добро испланирани кадри, а втората бременост сценаристите ја вметнаа во серијата и така Лили и Маршал станаа родители.

Хали Бери – „X-Men: The Last Stand“

Кејт Бланшет – „Indiana Jones and the Kingdom of the Crystal Skull“

Пенелопе Круз – „Pirates of the Caribbean: On Stranger Tides“

Наоми Ватс – „Eastern Promises“

Џоди Фостер – „Panic Room“

View this post on Instagram

#flightplan #judiefoster #2005 #robertschwentke

A post shared by Burdur Municipality Youth Page (@burdurbelediyesi_genclik) on

Кира Најтли – „Everest“

View this post on Instagram

#needtodreambig #faces #kiranightly

A post shared by Needtodreambig (@needtodreambig) on

Гал Гадот – „Wonder Woman“

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....