19.8 C
Скопје
10:52 - 28 март, 2024

Нетфликс потроши повеќе од 100 милиони за маркетинг кампањата на своите филмови во трката за Оскар!

The Wall Street Journal објавил дека филмската компанија Netflix потрошила повеќе од 100 милиони долари за маркетинг на своите филмови во кампањата за Оскарите, кои на крајот добиле дури 24 номинации за наградата. Со толку многу номинации, Netflix на овогодинешната церемонија за Оскарите ќе биде најуспешната филмска компанија. Вкупно 7 филмови на Netflix освоија номинации за Оскар, вклучувајќи ги „The Irishman” на Мартин Скорзе, „Marriage Story” на Ноах Бумбаха и „The Two Popes” Фернанда Меирелеса. The Wall Street Journal наведува дека најголем дел од парите биле потрошени на маркетинг кампањите за филмовите „The Irishman“ и „Marriage Story“. Тоа е повеќе од вообичаените износи кои филмските компании ги трошат во кампањите за Оскарите, бидејќи тие по филм трошат помеѓу 5 и 20 милиони долари.

Скот Стубер, шефот на Netflix за оригинални филмови, изјави дека проценката на The Wall Street Journal е превисока, додавајќи дека оваа година Netflix многу паметно ги трошел парите за маркетинг. „Не мислиме дека правевме нешто што другите не правеа“, изјавил Стубер. The Wall Street Journal проценил дека Netflix на маркетинг потрошил по 20 милиони долари од филм, што би значело дека 7 филмови потрошиле 140 милиони долари. 

Слични текстови за тоа колку Netflix троши по филм во време на кампањата за Оскарите, се појавија и минатата година кога New York Times објави како потрошиле 25 милиони долари на маркетинг кампањата за „Roma“ додека самиот филм бил 15 милиони долари. Некои медиуми наведувале дека маркетинг износот бил далеку поголем, дури и блиску до 60 милиони долари. Филмот на крајот имал 10 номинации за Оскар, а ги освоил во категориите: Најдобар режисер, Најдобар странски филм и Најдобра камера.

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....