25.8 C
Скопје
16:13 - 29 март, 2024

Нетфликс: Хенри Кавил го отелотвори „Вештерот“

Кавил е актерот што му даде лик и карактер на Гералд од Ривиа, главниот лик во серијата „Вештерот“, сработена според истоимената книга на полскиот автор Андреј Сапковски.

Хенри Кавил немаше никакви шанси со улогата во „Човек од челик“ да го истисне од меморија оригиналниот Супермен – Кристофер Рив, кој буквално го отелотвори најпознатиот суперхерој во историјата.

Но, затоа Кавил е актерот што му даде лик и карактер на Гералд од Ривиа, главниот лик во серијата „Вештерот“, сработена според истоимената книга на полскиот автор Андреј Сапковски.

– Ми приреди особено задоволство перформансот на Хенри Кавил во улогата на Гералд од Ривиа. Тој е голем професионалец. Исто како и Виго Мортенсен, кој му го подари ликот на Арагорн од „Господарот на прстените“, така и Хенри го отелотвори Гералд. Се надевам дека и моите читатели го мислат истото, како и гледачите кои за прв пат ќе се сретнат со вештерот – изјави Сапковски.

Првите осум епизоди неодамна беа објавени на стриминг-платформата на Нетфликс, за кои е објаснето дека се вовед во вистинската приказна, која се врти околу ликот на Гералд од Ривиа, вештер и ловец на чудовишта и неговата врска со маѓепсничката Јенефер од Венгерберг и принцезата Сирила.

imbd

Предвремен протест на фановите

Сапковски деловите од „Вештерот“ почнува да ги објавува во весници уште во текот на 80-тите години од минатиот век. Во 1990 година е објавена неговата прва книга во Полска, но наскоро неговите дела добиваат превод на германски јазик. Токму тоа мошне позитивно ќе се одрази на неговиот успех, бидејќи „Вештерот“ набргу ќе стане еден од најомилените фантастични ликови на германското говорно подрачје.
Долго време пред да биде снимена серијата, „Вештерот“ светската слава ја доживеа со изработката на истоимената видео игра, која долго време беше меѓу најпопуларните. Во меѓувреме деловите од „Вештерот“ беа преведени на речиси сите светски јазици, па тој стана еден од најпродаваните автори на фантазија на планетата.

Разбирливо дека популарноста на книгата и видеоиграта беше примамлива за бројни продукции да снимат филм или ТВ серија на истата тема, но единствени кои имаа храброст и доблест да се нафатат на тој чекор беа продуцентите од Нетфликс.

Креаторот Лоренс Шмит Хисриш, наиде на еден куп негодувања по социјалните мрежи, уште по првата објава дека ќе се снима серијата. Фановите на „Вештерот“ веднаш помислија дека Нетфликс ќе ја упропасти приказната и дека единствената работа за која ќе се грижат продуцентите ќе биде финансиската корист. Најмногу прашина се подигна по објавувањето на информацијата дека Кавил ќе го толкува ликот на Гералд, што беше оценето како тривилизација на вештерот.

Сепак, првите осум епизоди покажаа дека Шмит Хисриш останал доследен на оригиналното дело, а Кавил покажа дека е одличен актер кој како да е роден за да го отелотвори Гералд.

imbd

Главната приказна допрва следува

Од Нетфликс појаснија дека првата сезона од серијата е снимена според напишаните книгите што се подоцна објавени, а кои служат како приквел на главната приказна. Во осумте епизоди се покажани почетоците на главните ликови, чии судбини се поврзани. Гералд од Ривиа е еден од последните вештери на Континентот, кој за парична награда ги лови чудовиштата што ги загрозуваат животите на жителите на разните кралства, грофовии и војводии, кои се во постојано меѓусебно непријателство.
Јенефер од Венгерберг е од многу скромно потекло, а родена е и со физички деформитет. Сепак, таа прераснува во една од најмоќните припаднички на редот на маѓепсничките, чиј начин на живот наскоро ќе биде загрозен од друга сила. Најмистериозна е судбината на младата принцеза Сирила, која поседува натприродни моќи, но во исто време делува загрозено и уплашено.
Оценките од публиката и критичарите се одлични, а од Нетфликс порачаа дека се презадоволни од гледаноста. Наскоро треба да се очекува и информацијата за тоа кога ќе се емитува втората сезона.

imbd

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....