12.8 C
Скопје
14:05 - 25 април, 2024

НАШ ПРЕДЛОГ ЗА ФИЛМ: „The Gentlemen“ е криминалистичко акционо остварување кое вреди да се погледне!

Ако одамна не сте биле во кино за да ги почувствувате вибрациите на големото платно, можеби токму нашиот најнов предлог за филм ќе биде вистински мотив конечно да се одлучите на тој чекор.  

„The Gentlemen“ во режија на Гај Ричи, е филмот кој моментално се прикажува во светските, но и во нашите кино сали, а станува збор за криминалистичка акција со примеси на комедија која навистина вреди да се погледне.

Метју Маконахи, Чарли Ханам и Хју Грант се само дел од познатата актерска постава, која е дел од филмот кој го опишува бизнисот со марихуана на големите дилери (џентлмени).

Филмот веќе собра многу позитивни критики, а на угледната страница на IMDB, тој има оценка од 8,1 ѕвездички, додека на „Rotten tomatoes“, оваа криминалистичка комедија е опишана како „јасно и забавно акционо остварување со фасцинантни карактери“.

Краток опис за филмот:

Мики Пирсон (Метју Мекони) е Американски иселеник кој со текот на времето станува милионер, благодарение на тоа што успева да создаде сопствена „зелена империја“, која вклучува високопрофитабилни фарми со марихуана.

Интересно е тоа што сите негови садници со марихуана се сместени под земјата, а иако од нив заработува вистинско богатство, речиси никој и не знае дека тие навистина постојат.

Фото: IMDB

Во еден момент Пирсон носи одлука да се повлече од бизнисот и да продаде сѐ што има за вртоглава сума на пари, што ќе доведе до многу промени во подземниот свет.

Многумина почнуваат да пројавуваат интерес за овие плантажи со марихуана, меѓутоа, преку бројни измами и уцени се обидуваат да стигнат до „царството“ на Пирсон.

Во тој момент почнува и вистинската акција на џентлмените, кои меѓусебно се надмудруваат и се обидуваат да се надитрат.

Фото: IMDB

Целото дејство до одреден момент во филмот го раскажува Хју Грант, сѐ додека приказната не кулминира со него за на крај и самиот да стане дел од сите овие валкани работи кои со себе ги носи бизнисот со дрога.

Оригинални сцени и навистина многу смешни моменти, зачинети со акција и многу возбудувања, се дел од работите кои можете да ги очекувате во „The Gentlemen“, филмот кој дефинитивно нема да ве разочара доколку се одлучите да го погледнете.

Автор: Донев Михаило

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....