25.8 C
Скопје
16:25 - 29 март, 2024

НАШ ПРЕДЛОГ ЗА ФИЛМ: „Jexi“ е комедија која ќе ве насмее, но и ќе ве потсети на секојдневната зависност на човекот од модерната технологија

Во 21 век животот не може да се замисли без модерната технологија. Слободно можеме да кажеме дека човекот стана „роб“ на технолошките изуми, а многумина речиси и да не можат да „преживеат“ без својот смартфон.

Токму оваа тема, преку комични сцени и смешни моменти, се обработува во филмот „Jexi“, во кој главната улога ја толкува Адам Девин, актерот кој е познат по своите улоги во многу славни комедии кои веќе остварија значаен успех.

Фото: Принтскрин

На угледната страница на IMDB, „Jexi“ има оценка од 6.1 ѕвездички, додека на „Rotten tomatoes“ ова остварување е опишано како сатирична, а воедно и паметно/глупава комерцијална комедија.

Краток опис за филмот:

Фил (Адам Девин) е млад човек кој се соочува со еден проблем – тој е зависен од својот телефон! Тој нема пријатели, негова желба е да стане новинар, меѓутоа моментално работи во компанија каде подготвува топ листи од најдобрите настани во светската поп култура.

Драмата во филмот започнува во моментот кога Фил е принуден да го надгради софтверот на својот телефон, а интересно е тоа што новите надградби во неговиот телефон доаѓаат со еден неочекуван додаток – Џекси, која е негов нов виртуелен асистент во телефонот, а која ќе му помага да си го „олесни“ животот. Токму со нејзина помош Фил започнува вистински да живее. 

Меѓутоа, како што Фил станува помалку независен од телефонот, така вештачката интелигенција, со помош на која е креирана Џекси, се претвора во голем технолошки кошмар за него, бидејќи таа се обидува да направи сè за да го задржи за себе, односно повторно да го направи зависен од смартфонот.

Фото: IMDB

Во моментите кога се отргнува од телефонот, Фил всушност почнува да ги доживува работите околу себе, да ужива во убавините кои му ги нуди светот и да запознава нови луѓе.

Иако станува збор за комедија, сепак „Jexi“ е вистински потсетник дека животот треба да се живее, како и тоа дека без разлика на тоа што мобилните ни се дел од секојдневието, тие не треба да претставуваат пречка да излеземе надвор и да му се радуваме на реалниот свет.

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....