„Најголемата лага по Дедо Мраз“: Познатата емисија „Карпул Караоке“ всушност е телевизиска измама! (ВИДЕО)

На Јутјуб е објавено видео на кое се гледаат пејачот Џастин Бибер и водителот Џејмс Корден за време на снимањето на телевизиската емисија „Карпул Караоке“. На снимката се гледа и дека Корден не го вози автомобилот, туку дека него го влече камион!

Ова наиде на големи критики кај американската јавност, бидејќи концептот на емисијата се води по тоа водителот и неговиот гостин заедно да пеат песни, додека Корден вози.

Фото: Принтскрин

Критичарите сега сметаат дека, ако Корден лажел за ова, кој знае уште колку други измислици се кријат зад оваа емисија.

„Се чувствувам изневерено“, напишал еден обожавател на Корден на својот Твитер профил.

„Се немам почувствувано вака предадено уште откако дознав дека Дедо Мраз не постои“, гласи друг коментар.

Фото: Принтскрин

Критичарите тврдат дека ќе има и такви кои ќе го оправдуваат овој скандал, зборувајќи дека тоа е стандардна пракса во телевизиската индустрија.

– Убавината на емисијата не е во пеењето. Тој дел беше ужасен. Никој не сака да слуша како пеењето и вриштењето на Корден гуши глас на професионален пејач. Го гледавме „Карпул Караоке“ од иста причина поради која следиме лизгање на мраз. Стравувавме од возењето со автомобил во состојба на толкава нефокусираност – смета Стјуарт Херитаџ од „Гардијан“.

Се чини дека цело време, кога пееја ѕвезди како Адел, Мараја Кери и Бритни Спирс, водителот Корден всушност не возел.

Исто така, кога тој во емисијата му даде да вози на Стиви Вондер, всушност немало никаква опасност.

Од „Гардијан“ сметаат дека тоа е тажно, а гледачите се чувствуваат изневерени и измамени.

Слични објави

Дали петтото дете е на пат? (ФОТО)

Igor

Плејбој зајчицата ја честита Новата година во свој стил (ФОТО)

Слободен Печат

Инцидент: Северина пријавена во полиција од директорката на училиште!

Васко Спасоски

Дека се плашам, се плашам: Жељко Јоксимовиќ испрати јасна порака за коронавирусот! (ФОТО)

Васко Спасоски

Буба Корели има шанси да се спаси од затвор! Погледнете што вели неговиот адвокат! (ВИДЕО)

Igor

Кога Черчил ја запозна симпатијата на својата жена: Разговор кој ќе ве насмее!

Еспресо

Остави Коментар

осум − седум =

Слични објави

Дневен хороскоп за 09.01.2020 година – Работа, љубов и здравје!

Васко Спасоски

И Никол Кидман не е тоа што беше: Отечена, затегната и пластична – ја нарекуваат Џокер (ФОТО)

Васко Спасоски

По овој лик од серијата „Сексот и градот” сите лудувавме – Денес има 48 години и изгледа како милион долари! (ФОТО)

Еспресо

Инстаграм ја цензурираше Јелена Ѓоковиќ: „Шири лажни вести“ за коронавирусот! (ВИДЕО)

Еспресо

Бајковито: Кога ќе видите каде живее Лидија Вукичевиќ, ќе се заљубите во нејзиниот дом веднаш (ФОТО)

Еспресо

РАЗГОЛЕНАТА ВОДИТЕЛКА ПОРАЧА: Фудбалери, залудно ми пишувате, нема љубов тука (ФОТО)

Igor